Деловен туризам

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Taleska, Milena and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola (2022) Деловен туризам. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-14-6

[thumbnail of Deloven turizam.pdf] Text
Deloven turizam.pdf

Download (446kB)

Abstract

Книгата „Деловен туризам“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со деловниот туризам. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со синергијата на деловните патувања и туризмот.
Материјалот во книгата е поделен во четири основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање на туризмот, регионални карактеристики на меѓународниот туризам, влијанија на туризмот и трендови во туризмот.
Во вториот дел се разгледува материјалот поврзан со поим за деловен туризам и историскиот развој на деловниот туризам. Исто така опфатени се видовите деловен туризам, како деловен туризам поврзан со настани, стимулативните аранжмани и едукација и тренинг.
Во третиот дел од книгата посветено е внимание на материјалот кој се однесува на дефинирање на настаните, значењето на настаните за угостителството и туризмот, социо-културните и економските влијанија на настаните, примери на позначајни настани во светот и во нашата земја. Исто така, опфатен е дел од материјата поврзана со историскиот развој на настаните, како и критериумите за поделба на различните видови на настани.
Во четвртиот дел од книгата се третира проблематиката поврзана со понуда на деловен туризам, побарувачка на деловен туризам, стратешко планирање на деловниот туризам и дестинации за деловен туризам – примери и практики.
Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на деловниот туризам. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на деловниот туризам и деловните патувања.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со деловниот туризам. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 06 Apr 2022 08:31
Last Modified: 06 Apr 2022 08:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29646

Actions (login required)

View Item View Item