Давање услуги на туристи во приватни сместувачки капацитети

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Dzambazovski, Kristijan and Todorovic, Emilija and Taleska, Milena and Dimovski, Cedomir and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2022) Давање услуги на туристи во приватни сместувачки капацитети. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-13-9

[thumbnail of Davanje uslugi na turisti vo privatni smestuvacki kapaciteti.pdf] Text
Davanje uslugi na turisti vo privatni smestuvacki kapaciteti.pdf

Download (579kB)

Abstract

Книгата „Давање услуги на туристи во приватни сместувачки капацитети“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот и приватното сместување. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на давање услуги на туристи во приватното сместување. Материјалот може да се користи и за потребите на неформалното образование, за верифицирана посебна програма – Оператор за приватно сместување.
Материјалот во книгата е поделен во седум основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на поим и дефинирање на туризмот и угостителството, регионалната распространетост на туризмот и современите светски тенденции во туризмот. Исто така, обработен е материјалот поврзан со статистичките податоци за секторот туризам во нашата земја.
Во вториот дел се разгледуваат активностите поврзани со пречек, прием, сместување и испраќање на гости. Во материјалот се обработуваат теми поврзани со видови објекти за сместување и приватни сместувачки капацитети, деловен и куќен ред во објектот за сместување, користење на информатичка технологија во работењето, прием на гости, сместување на гости, испраќање на гости, техника на работа во домаќинството, магацинско работење, набавно и финансиско работење на објектот за сместување, подготовка и послужување на храна и пијалаци во објектот за сместување.
Третиот дел е посветен на формирање на цени на услуги за сместување, како и продажба и промоција преку интернет и социјални мрежи.
Четвртиот дел има за цел да ги опфати законските прописи во работењето. Во материјалот се презентирани поважните законски прописи, како и извршување и одговорност кон работите и работните задачи.
Петтиот дел прави осврт на договори во областа на угостителството и туризмот и останати договори.
Во шестиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на комуникација со гости и комуникација со соработници.
Седмиот дел е посветен на практичната работа во приватни сместувачки капацитети. Опфатени се поим и видови практична работа, а исто така и значењето на практичната работа.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со услужувањето гости во приватни сместувачки капацитети. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 06 Apr 2022 08:31
Last Modified: 06 Apr 2022 08:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29645

Actions (login required)

View Item View Item