Jovanovski, Zoran (2020) Контрола на уставноста и законитоста на општи акти на правни лица co јавни овластувања во Република Северна Македонија. In: IX Научни скуп „Изазови правном систему“, 24 Oct 2020, Pale,.
Text
Контрола на уставноста и законитоста на општи акти на правни лица co јавни овластувања во Република Северна Македонија.pdf Download (300kB) |
Abstract
Во услови каде остварувањето на работи од јавен интерес под еднакви услови во материјална и нематеријална смисла (јавни овластувања) како функции на државата се доверуваат на посебни правни лица, се соочуваме со постоење на правни лица со јавни овластувања. Како самостојни тела, нивното воспоставување како и нивните јавни овластувања се регулирани со закон, и имајќи предвид дека ваквите овластувања им даваат авторитет на власт, така и за нив важат правилата пгго се однесуваат на органите на власта.
Co цел да се избегнат можни злоупотреби и повреди на законот, неопходно е вршењето на јавното овластување целосно да се регулира со закон, а вршењето на функциите да се одвива на одговорен и транспарентен начин. Имајќи предвид дека се воспоставени од Владата, истата има правото да врши надзор над законитоста на работата на субјектот на кого му се доверени тие јавни овластувања.
Во Република Северна Македонија во моментов работат осум правни лица со јавно овластување, формирани и регулирани со посебни закони, a со статус на правно лице и работат на национално ниво. Од овие осум, четири се фондови, два се совети, едно е воспоставено како агенција и еднокако институт.
Co цел да се обезбеди уставноста и законитоста на општите акти на државните органи, установите и другите правни лица, истата се врши преку дополнителниот надзор како вид правен надзор. Доколку дојде до таков случај, и доколку органот во спроведување на надзорот увиди материјална или формална незаконитост на актот, ќе ја отпочне постапката за усогласување со законот.
Клучни зборови: Правни лица; Јавни овластувања; Надзор; Контрола; Општи акти.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Zoran Jovanovski |
Date Deposited: | 09 May 2022 09:07 |
Last Modified: | 09 May 2022 09:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29643 |
Actions (login required)
View Item |