Улога на интернетот при избор на туристичка дестинација и организација на туристичко патување

Zakoski, Ilija (2021) Улога на интернетот при избор на туристичка дестинација и организација на туристичко патување. In: Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век, 19.11.2021, Штип.

[thumbnail of 4643-Article Text-7902-1-10-20211207.pdf] Text
4643-Article Text-7902-1-10-20211207.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во туристичката индустрија се е поголем бројот на услуги кои се пружаат на туристите а се засноваат на примена на интернетот. Денес интернетот е секојдневна потреба на луѓето кои своите барања ги реализираат по електронски пат од било кое место и во било кое време. Употребата на специјализирани софтверски апликации компатибилни со модерните електронски уреди како и интеракцијата меѓу туристите и туристичките дестинации отвараат една нова димензија во туризмот. Многу важни сервиси во рамките на е-туризмот се апликациите за пребарување и резервација на летови, сместување, влезници за различни туристички атракции и знаменитости. Бројот на корисници на интернет во Северна Македонија од година во година расте на што укажуваат податоци на Државниот завод за статистика. Цел на овој труд е да истражи колку од корисниците на интернет ги бираат туристичките дестинации и го организираат нивното туристичко патување преку интернет. Од 72 анкетирани лица корисници на интернет на возраст од 18-74 години 44% ја избираат туристичката дестинација преку интернет. Мажите при организација на аранжманот за туристичко патување се потпираат на сопствената организација (52,5%). Додека жените во најголем процент ги користат услугите на туристичките агенции (53,2%). Организацијата на поедини позиции од патувањето укажува дека во однос на сместувањето кај висок процент од 68% тоа се прави лично преку интернет. Во однос на превозот скоро половината користат сопствен превоз додека четвртина користат резервација на патување преку интернет.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 06 Apr 2022 08:37
Last Modified: 06 Apr 2022 08:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29628

Actions (login required)

View Item View Item