Лишувањето од слобода низ призма на националните законодавства co оцена на законитоста (компаративна анализа)

Jovanovski, Zoran and Ivanova P, Elena (2019) Лишувањето од слобода низ призма на националните законодавства co оцена на законитоста (компаративна анализа). In: 5-та Меѓународна научна конференција, Охридска школа на правото, 9-12 May 2019, Ohrid.

[thumbnail of Лишувањето од слобода низ призма на националните законодавства co оцена на законитоста.pdf] Text
Лишувањето од слобода низ призма на националните законодавства co оцена на законитоста.pdf

Download (655kB)

Abstract

Апстракт: Слободата на личноста во потесна смисла на зборот претставува уживање на личните права без ограничувања од страна на трети лица или државата се додека тоа е во согласност со слободите и правата на другите индивидуи. Следствено на ова, слободата на личноста во дефинирање на нејзиниот поим е секогаш врзана со дефинирање на поимите на ограничување, концептот за законитост и владеење на правото или негоеа злоупотреба, еднаквост, правичност и одговорност на поединецот како неделиви сегменти на поимот слобода. Ограничувањето на слободата е дел од слободното и демократско општество каде монополот на ограничување го има државата под точно определени законски услови. Во контекст на последното, државата е должна да еоспостаеи механизми за заштита од арбитрерност и злоупотреба на праеото и систем на правичност со кои се оеозможуеа реализација на принципот на еладеење на праеото. Од друга страна, лишуеањето од слобода (апсење, притвор) ќе биде «произволно», доколку не постои основана аргументација од страна на судовите за еакеото ограничуеање на слободата. Во случај на отсуство на јасно дефинирана одредба која го предвидува притворот, или отсуство на процедура, пречекорување на роковите, (не)еднаквоста на страните, ќе резултира со незаконитост, непочитуеање на принципот на еладеење на праеото. Предмет на анализа на оеој труд ќе биде оцената на законитоста при постапката за определување на притвор во националното законодавство и во држави кои припаѓаат на различнигеографски целини во Европа.

Клучни зборови: Лишуваље од слобода, законитост, кривична постапка, ограничување на слобода, притвор.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Military Academy
Depositing User: Zoran Jovanovski
Date Deposited: 27 Apr 2022 10:16
Last Modified: 25 Aug 2023 10:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29626

Actions (login required)

View Item View Item