Основи на кинезитерапија

Vasileva, Dance (2022) Основи на кинезитерапија. COBISS.MK-ID 56442117, 1 (1). Универзитет "Гоце Делчев", Факултет за медицински науки, Штип. ISBN 978-608-244-866-4

Full text not available from this repository. (Request a copy)

Abstract

Кинезитерапијата се дефинира како научно-апликативна дејност во која се интегрираат познавања од многубројни фундаментални области – анатомија, механика, физиологија, патологија, итн. и други одделни медицински дисциплини – ортопедија, трауматологија, неврологија, педијатрија, кардиологија итн. за подобрување и одржување на здравствената состојба, зголемување на функционалната способност, превентива на рецидиви и компликации и создавање на психофизички комфор на пациентот. Едукацијата и совладувањето на кинезитерапијата опфаќа широки познавања од фундаменталните биолошки области и медицинските дисциплини – клинички, превентивни и рехабилитациски.
Од биолошки аспект активноста на живата материја се базира на движењето. Но, не секое движење може да влијае терапевтски, превентивно и одржувачки. Само насочените, осмислените и методски правилно исполнетите движења (или комбинација од движења) се користат како средства во кинезитерапијата. Тоа се терапевтските вежби. Ефикасното комбинирање на различни движења, како вежби и други средства на кинезитерапијата, го градат таканаречениот метод на кинезитерапија, кој се применува кај најразлични заболувања и состојби при регистрирање на клиничката и функционална состојба на пациентот или застрашената индивидуа.
Врвните научни постигнувањата во анатомијата, биологијата, физиологијата, клиничката медицина од една, и теорија на методиката, физичката активност и воспитување, од друга страна, се основа на теориските поставки на современото лекување во кинезитерапијата, физикалната терапија и рехабилитација. Тие дозволуваат да се достигне подлабоко разбирање и концепција за терапевтското значење на физичките упатства, насоки, теории и нивната примена кај различни повреди и заболувања.
Широкиот спектар на лекување во кинезитерапијата се определува од водечкото значење на локомоторниот апарат врз целосната секојдневна животна дејност на пациентот, како и на моторната активност која е неопходен услов за нормално функционирање на сите системи на организмот. Кинезитерапијата зазема суштинско место во здравствениот систем и спектарот на нејзините цели и задачи не се ограничува само во рехабилитацијата на болните, но исто така и во образованието, превенцијата и промоцијата на здравиот начин на живот.
Создавањето на учебникот Основи на кинезитерапија се должи на суштинското значење на кинезитерапијата во целосниот алгоритам на лекување на пациенти со трауматски, ортопедски, ревматски, кардиоваскуларни, респираторни и невролошки заболувања. Кинезитерапијата како немедикаментозен пристап игра важна улога затоа што придобивките се многубројни и нема несакани ефекти и последици при нејзината компетентна примена.
Претставеното издание на учебникот ќе помогне во подготовката на физиотерапевтите по предметот Основи на кинезитерапија и ќе придонесе за зголемување на нивните знаења и вештини во областа на кинезитерапијата кај повеќе социјално значајни заболувања. Опишани се основните и современите средства, како и нивното терапевтско влијание и правила на примена во целосната функционална реедукација. Учебникот Основи на кинезитерапија може да им користи и на сите останати читатели кои се интересираат за основните и современи принципи и концепти на кинезитерапијата во целосната структура како научно докажана и применета специјалност.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: Кинезитерапија, Учебник, физиотерапевти
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 04 May 2022 07:56
Last Modified: 04 May 2022 07:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29622

Actions (login required)

View Item View Item