Управно (административно) право

Jovanovski, Zoran (2020) Управно (административно) право. Високошколски учебници COBISS.MK-ID 111816458 . Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје, Skopje. ISBN 978-608-213-007-1

[thumbnail of Upravno administrativno pravo KNIGA.pdf] Text
Upravno administrativno pravo KNIGA.pdf

Download (15MB)

Abstract

Управното (административно) право е во корелација со брзата динамика на светот и времето во кое живееме. Тоа го следи трендот на пораст на јавните органи, ор-ганизациите, нивните функции и дејности и сите општествени и правни односи. Оттука, произлегува и интересот и важноста на управното (административно) право за положбата и функционирањето на администрацијата. Администрацијата претставува најважна алка за успешно имплементирање на државната политика во една држава, но и јавен сервис на граѓаните. За да се постигне ова потребно е да се регулираат дејностите, одговорностите и надлежностите на јавните органи, нивниот начин на работа, како и правните средства за исполнување на обврските и правата кон граѓаните при вршењето на јавни услуги и обратно. Токму тоа го проучува и определува предметот на изучување на управното право.
Овој учебник ќе има апликативно и научно значење за студентите - питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски", Скопје, кои во едно или друго својство во иднина ќе учествуваат во управната (административна) постапка. Учебникот содржи систематизирани предавања по предметот „Управно (административно) право" и кон-цептуално е поделен во три дела.
Во првиот дел студентите - питомците ќе се воведат во поимот, предметот, организа-цијата на управата и административното право, како гранка на правниот систем и прав-ната наука и сл., односно со административното материјално право. Административното материјално право нормативно ги регулира и научно ги изучува правните односи во врска со правата и обврските на правните субјекти (физички и правни лица) од надлежност на органите на управата.
Во вториот дел теориски ќе се разработат основните постулати на административното право, процесни институти и постапувањето на јавните органи при водењето на управните постапки, односно со административното процесно право кое нормативно ги регулира и научно ги изучува процедурите (постапките) за остварување на правата и обврските на граѓаните пред органите на управата (администрацијата). Во вториот дел, засебно поглавје е определено за новините и добрите практики на Закон за управна постапка
Третиот дел го разработувауправното судско право согласно новиот Закон зауправни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/19), кој ќе започне да се применува од 25.05.2020 година.
Учебникот содржи посебен дел „Прилози", во кој се прикажани практични примери и теркови за управните (административните) акти во јавните органи, во Армијата на Република Северна Македонија и во приватната администрација, акти при управна по-стапка и во управен спор со сите задолжителни елементи, форма, содржина, дејство итн.
Сакам да изразам голема благодарност до мојот рецензент проф. д-р Темелко Ристески, за довербата и поддршката во подготвувањето и изработката на овој учебник. Искажувам голема благодарност за нашата долгогодишна соработка, а особено што покажа висок интерес кон мојот труд.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Zoran Jovanovski
Date Deposited: 27 Apr 2022 10:15
Last Modified: 27 Apr 2022 10:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29613

Actions (login required)

View Item View Item