Spasovski, Denis (2022) Превенција и третман на критични пациенти во невролошкиот оддел при ГОБ-8-ми Септември. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
6-specijalisticki-trud-denis-1 (2).pdf Download (1MB) |
Abstract
Специјалистичкиот труд изготвен самостојно со истражувани материјалии
од официјални извори за научни информации,преведување, искуство и
селекција со имплементација на официјалните статистички податоци во
ГОБ 8ми Септември-Скопје.Во овој труд холистички е прикажана улогата
на медицинските сестри и техничари во третман и превенција на критично
тешко болните пациенти на инѕтензивната неврологија и пациентите со
невролошки дијагнози. Опфатени се мнозинство дијагнози со кои се
среќаваат на одделението за неврологија, давајќи осврт на клиничката
слика на болеста, третманот, негата и превенцијата на истата. Во неколку
наврати има прикачено слики за да станат појасни нештата за одредени
дијагнози. Статистичките податоци искористено во овој специјалистички
труд се селектирани од базата на податоци од администрацијата при
одделот на невологија во ГОБ 8ми Септемви во Скопје, каде што сум
вработен јас. Улогата на медицинската сестра, посебно на дипломираната
медицинска сестра, во негата и третманот на болестите е многу значајна.
Дел од работните задачи опфаќаат извршување на одговорни дела од
типот на: третман и превенција на декубит, администрирање на претходно
ординираната терапија од лекар-специјалист по таа област,грижа за
пациентите, мерење на внес и излез на течности, колектирање на материјал
како крв, урина за потребните дијагностички и контролни анализи и се тоа
со цел да се постигне една прецизна интервенција при децеперација на
здравствената состојба на пациентот. Неврологија како гранка од
медицината опфаќа тешки заболувања и згрижува критични пациентИ. Со
самото тоа, есенцијалност на мојата професија е токму одговорност,
посветеност и несебично вложување на работата.
Клучни зборови:неврологија,цереброваскуларенмозоченудар,парализа,
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 27 Apr 2022 09:39 |
Last Modified: | 27 Apr 2022 09:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29595 |
Actions (login required)
View Item |