Анализа на ефектите на увозните квоти

Miteva-Kacarski, Emilija and Paceskoski, Vlatko (2011) Анализа на ефектите на увозните квоти. Godisen zbornik na Ekonomski fakultet, Univerzitet „Goce Delcev“ -Stip.

[thumbnail of Analiza na efektite na uvoznite kvoti.doc] Text
Analiza na efektite na uvoznite kvoti.doc

Download (169kB)

Abstract

Квотите се едни од најстарите и најмногу применуваните нецарински бариери, кои се најчесто применливи при значајни платно билансни нарушувања, бидејќи нивните ефекти најбрзо и најцелосно се реализираат. Во зависност од тоа дали се регулира извозот во одредена држава или увозот во таа држава се разликуваат извозни квоти и увозни квоти. Земјите повеќе применуваат увозни квоти, бидејќи настојуваат да ги заштитат домашните производители од странска конкуренција, додека извозните квоти поретко се користат бидејќи целта на сите земји е да го промовираат сопствениот извоз. Квотите во развиените земји, воглавно се користат за заштита на земјоделските призводители, додека земјите во развој, со квотите настојуваат да ги заштитат младите индустрии од странска конкуренција, се до моментот кога истите треба да станат конкурентни на светскиот пазар. Ефектите на квотите врз другите економски категории, првенствено се детерминирани од начинот на нивното администрирање.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 03 Dec 2012 15:08
Last Modified: 03 Dec 2012 15:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2958

Actions (login required)

View Item View Item