Grkova, Marija (2020) Усвојувањето на именките во VI и во VII одделение во Штипско. Четврта меѓународна научна конференција ФИЛКО - Филологија, култура и образование (4). pp. 104-112.
Text
3440-Article Text-5850-1-10-20200215.pdf - Published Version Download (3MB) |
Abstract
Познато е дека именките припаѓаат во менливите зборовни групи, а
според тоа се одликуваат со граматички категории. Така, при промена на формата на
именката понекогаш може да дојде до појава на јазични грешки кои се предмет на
истражување по овој повод.
Целна група на истражувањето се учениците од VI и од VII одделение во Штипско.
Притоа треба да се спомене дека во VIII и во IX одделение од аспект на менливите
зборови, учениците се запознаваат главно со глаголскиот систем на македонскиот јазик,
па, оттука во овој труд не ги опфаќаме учениците од овие одделенија.
Водејќи сметка за методичките содржини за именките што се обработуваат во
шестото и во седмото одделение според Наставните програми по Македонски јазик
преземени од Бирото за развој на образованито на Р Македонија, беше подготвен
наменски составен тест по Македонски јазик.
При подготовката на тестот имавме за цел вежбите да бидат директно поврзани со
нашата истражувачка тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да
правиме големи измени и да бидат прилагодени кон возраста и кон нивото на
способноста на тестираната група ученици.
Целта на овој труд е преку анализата на добиените резултати вклучувајќи ги и
јазичните грешки од учениците од VI и од VII одд. во Штипско, да се види колку ги
имаат усвоено именките и нивните граматички категории, кои се предвидени да се
усвојат токму во предметната настава во основото образование.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 03 Mar 2022 11:02 |
Last Modified: | 03 Mar 2022 11:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29572 |
Actions (login required)
View Item |