Усвојување на граматичките категории кај именките во македонскиот јазик како странски

Grkova, Marija (2014) Усвојување на граматичките категории кај именките во македонскиот јазик како странски. Masters thesis, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

[thumbnail of Магистерски труд на Марија Гркова.pdf] Text
Магистерски труд на Марија Гркова.pdf

Download (915kB)

Abstract

Во Заедничката европска референтна рамка за јазиците, е наведено дека грешките се јавуваат поради еден „меѓујазик“, една поедноставена или искривена претстава за целната компетенција. Кога ученикот прави грешки, неговата изведба е навистина во согласност со неговата компетенција, во која се развиени карактеристики различни од оние норми на странскиот јазик. Затоа во Рамката е наведено и дека грешките треба да бидат регистрирани, анализирани и да бидат објаснети, со цел да се утврди причинителот за нивната појава, но сето тоа да не ја попречува комуникацијата. Не смее ниту да се дозволи системските грешки да бидат тие што ја попречуваат комуникацијата, што значи, треба да се искоренат.
Во овој магистерски труд беше направено регистрирање, анализирање и објаснување на јазичните отстапки (грешки), коишто се однесуваат на граматичките категории кај именките. Преку нивното анализирање се обидовме да ги согледаме причините за нивното појавување и се обидовме нивното усвојување да го направиме полесно.
Анализата во овој труд беше поделена на три односно четири дела, а поделбата е правена врз основа на мајчиниот јазик на тестираните студенти. Ваквата поделба на анализата не е случајна, а произлегува од таму што многу јазични отстапки можат да бидат производ на влијанието од мајчиниот јазик на оној што го учи или го усвојува македонскиот јазик како странски.
Овде треба да се нагласи дека голема улога во наставата по странски јазик ја имаат вежбите што се применуваат за проверка на познавањата на јазикот.
Нашата анализа покажа дека при подготвување вежби за која било граматичка категорија секогаш треба да се подготвуваат повеќе вежби, како со едно, така и со повеќе барања, зашто не се знае за кои студенти ќе биде наменет еден учебник.
Потребно е во наставата по странски јазик да се примени функционалниот пристап, односно, методологија што ќе ја креира наставата во правец на потребите и на целите на слушателот.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 03 Mar 2022 09:45
Last Modified: 03 Mar 2022 09:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29558

Actions (login required)

View Item View Item