Практикум по морфологија на современиот македонски јазик

Grkova, Marija (2020) Практикум по морфологија на современиот македонски јазик. ISBN 978-608-244-755-1.

[thumbnail of Практикум по Морфологја на СМЈ.pdf] Text
Практикум по Морфологја на СМЈ.pdf - Published Version

Download (702kB)

Abstract

Практикумот по Морфологија на современиот македонски јазик им е наменет на студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Предметот го слушаат во вториот семестар, а основните материјали што се употребуваат за време на наставата се од Блаже Конески во неговата Граматика, како и од авторите на Општа граматика на македонскиот јазик. Овој Практикум, кој оди заедно со скриптата Морфологија на современиот македонски јазик, има за цел да ја промени улогата на студентот за време на наставата, да се оддалечи од традиционалниот пристап на предавање/излагање само од страна на професорот/предавачот каде што главната и активната улога ја носи тој. Преку Практикумот и Скриптата се очекува студентите да извршуваат поголем број вежби
и задачи веднаш по запознавањето со новата содржина од морфологијата на современиот македонски јазик и на тој начин поефективно ќе го совладаат новото и непознатото, но и ќе бидат упатени кон голем број дополнителни библиографски
единици од истата област со чија помош ќе можат да ги прошират, да ги продлабочат и да ги унапредат своите знаења и вештини од областа на морфологијата на која, потоа,
се надоградуваат знаењата од другите лингвистички области.
Сметаме дека со активното учество во наставата при утврдувањето на материјалот, студентите се ставаат во активна позиција на учење, за кое, знаеме дека
е сложен и комплексен процес што бара поголема ангажираност, активност и посветенот од страна на сите учесници во наставата.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 09 Mar 2022 08:31
Last Modified: 09 Mar 2022 08:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29556

Actions (login required)

View Item View Item