Grkova, Marija (2020) Морфологија на современиот македонски јазик. ISBN 978-608-244-760-5.
Text
Морфологија на СМЈ.pdf Download (1MB) |
Abstract
Скриптата по Морфологија на современиот македонски јазик им е наменета на студентите што се запишани на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Предметот го
слушаат во вториот семестар, а примарните материјали што се употребуваат за време на наставата се напишани од Блаже Конески во неговата Граматика, како и од авторите на Општата граматика на македонскиот јазик. Оваа скрипта, која оди заедно со Практикумот по Морфологија на современиот
македонски јазик, има за цел да ја промени улогата на студентот за време на наставата, да се оддалечи од традиционалниот пристап на предавање/излагање само
од страна на професорот/предавачот каде што главната и активната улога ја носи тој. Преку Скриптата и Практикумот се очекува студентите да извршуваат поголем број
вежби и задачи веднаш по запознавањето со новата содржина од морфологијата на современиот македонски јазик и на тој начин поефективно ќе го совладаат новото и непознатото, но и ќе бидат упатени кон голем број дополнителни библиографски
единици од истата област со чија помош ќе можат да ги прошират, да ги продлабочат и да ги унапредат своите знаења и вештини од областа на морфологијата на која,
потоа, се надоградуваат знаењата од другите лингвистички области. Сметаме дека со активното учество во наставата при утврдувањето на материјалот, студентите се ставаат во активна позиција на учење за кое знаеме дека е сложен и комплексен процес што бара поголема ангажираност, активност и посветенот од страна на сите учесници во наставата.
Како првенчиња на авторката, свесни сме дека Скриптата и Практикумот имаат потреба од дополнување со цел нивно подобрување. Затоа однапред им изразувамe благодарност на сите што земаат улога во нивното усовршување.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 09 Mar 2022 08:30 |
Last Modified: | 09 Mar 2022 08:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29555 |
Actions (login required)
View Item |