Улогата на Центарот за социјални работи во граѓанско-судските постапки

Sutova, Milica (2019) Улогата на Центарот за социјални работи во граѓанско-судските постапки. In: Social change in the global world (2019) hosted in Stip, Macedonia, 5-6 Sept 2016, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of Прелиминарна програма за конференција во Штип 2019 (1).pdf] Text
Прелиминарна програма за конференција во Штип 2019 (1).pdf

Download (308kB)
[thumbnail of Улогата на Центаро за социјални работи во граѓанско-судските постапки.pdf] Text
Улогата на Центаро за социјални работи во граѓанско-судските постапки.pdf

Download (481kB)

Abstract

Центарот за социјална работа како носител на комплексна правна заштита на семејството има задача да врши постојан надзор над родителските права. Законските решенија му овозможуваат на центарот за социјална работа да има различни овластувања во доменот на материјалното право, па оттука и различна процесна улога во парничната постапка, во општите и во посебните. Во трудот, авторот прави детална анализа на улогата на центарот за социјална работа во управната и парничната постапка. Истакнува дека центарот за социјална работа (како управен орган) има многу широки овластувања кои се од непосредно значење за развојот на децата, за разлика од судот. Постојното законско решение е во спротивност со Конвенцијата за правата на детето на ООН, која во однос на уредувањето овие прашања предвидува судска контрола и надлежност на судот секогаш кога се одлучува за правата и интересите на детето. Целта на ова истражување е да се укаже на слобостите и да се предложат нови решенија кои de lege ferenda нема да предизвикат последици во пракса, имајќи го во предвид фактот дека во овие постапки фокусот е ставен на најдобриот интерес на детето. Последиците во пракса кои доведуваат до сериозни проблеми за децата и родителите упатуваат на алармантна потреба од реформи во семејното законодавство.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Uncontrolled Keywords: Центар за социјална работа, родители, најдобар интерес на детето, надлежност
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Milica Sutova
Date Deposited: 17 Oct 2022 14:25
Last Modified: 17 Oct 2022 14:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29539

Actions (login required)

View Item View Item