Vasileva, Mirela (2022) Прогностички фактори во третманот на венски улкуси на долни екстремитети кај пациенти со ХВИ. Doctoral thesis, ЈЗУ Клиничка болница Штип.
Text
прогностички фактори - 2.pdf Download (1MB) |
Abstract
Вовед: Хроничната венска инсуфициенција е заболување на периферниот венски систем кое се карактеризира со покачен венски притисок, варикозитети и промени на кожата. Во нашата земја ХВИ е присутна кај 50% од возрасните жени и 30% од возрасните мажи, а се почесто може да се сретне и кај младата популација. Главна карактеристика е хроницитетот и прогресивната состојба. Основен патофизиолошки процес кај ХВИ е венската хипертензија. Во клиничката слика се разликуваат 6 стадиуми. Венозниот улкус се јавува како последен напреднат стадиум на ХВИ која долго време перзистирала. Уклусите може да се плитки или длабоки па дури и до коската, болни, широки со неправилна форма со назабени и остри рабови или тврди калозни, дното може да е жолтеникаво-кафеаво со фибрински налепи и гној или пак покриено со хеморагично-некротични маси. Често е присутна богата бактериска флора која не ретко е резистентна на локална антибиотска терапија. Улкусот бара секојдневен третман и хоспитализација на подолг временски период.
Цели на студијата: Основна цел на истражувањето е да се дефинираат демографските и клиничките прогностички фактори и нивното влијание врз терапијата на венските улкуси на долните екстремитети, да се утврди влијанието на коморбидитетите како прогностички фактори за процена на терапевтскиот исход кај венозните улкуси.
Материјал и методи - Студијата е проспективна, кохортна студија во која се опфатени сите пациенти со дијагноза на Хронична венска инсуфициенција со развиен венски улкус на долни екстремитети, хоспитализирани и амбулантски третирани. Пациентите се поделени во две групи: пациенти со целосно затворање на улкусот до 12 недели, и пациенти со хроничен улкус со одложено санирање за повеќе од 12 недели. Пациентите се следени во тек на целата терапија. Овие групи се споредувани врз основа на нивните демографски карактеристики, коморбидитети, клинички манифестации и резултатите од доплер на долните екстремитети. Сите пациенти се исто третирани.
Резултати – Од добиените резултати како важни прогностички фактори во третманот на венските улкуси се утврдија неколку коморбидитети како Тромбофлебит (p=0.0079) и Периферна артериска оклузивна болест(p=0.00097). Возраста на пациентите е исто така важен индикатор при исходот на болеста,односно повозрасните пациенти од 65 години почесто имаат одложен тип на заздравување во споредба со пациентите до 50 години (p=0.026), големината на улкусот односо улкуси поголеми од 2цм заздравуваат почесто за повеќе од 12 недели (p=0.0012), едемот на подколеницата од различна природа (p=0.0017) и околината на раната која е еритемоедематозна и липодерматосклерозна (p=0.000031) значајно го зголемуваат времетраењето на венскиот улкус. Како важен индикатор кој укажува на очекувано одложено заздравување на улкусот е секундарната бактериска колонизација (p<0.0001). Побрзото започнување со дерматолошки третман влијае врз крајниот исход од болеста и овие улкуси затвораат почесто за пократко од 12 недели, за разлика од почетокот на третманот кој е одложен за повеќе од 2 недели (p=0.0036).
Клучни зборови –венски улкус,прогностички фактори, хронична венска слабост, предиктивен модел.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mirela Vasileva |
Date Deposited: | 10 Feb 2022 20:50 |
Last Modified: | 10 Feb 2022 20:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29478 |
Actions (login required)
View Item |