Jovanova-Mitkovska, Snezana (2021) Квалитативната методологија и нејзината примена во општествените и хуманистичките науки. In: Sixth international scientific conference “Philology, culture and education“,, 18-19 Oct 2021, Online. (In Press)
Text
ФИЛКО 6 - Программа вторник.pdf Download (483kB) |
|
Text
Qualitative methodology.pdf Download (375kB) |
Abstract
Еден од темелните начини за доаѓање до нови сознанија, до нови вистини, алатка со која се проширува, збогатува знаењето, со која се овозможува напредокот, развојот на човекот, општеството, со која се овозможува постигнување на однапред поставените цели е истражувањето, проучувањето. Во процесот на истражување, проучување се применуваат најразлични стратегии, пристапи. Доминантни се квантитативниот, квалитативниот пристап.
Квантитативниот пристап има за цел доаѓање до објективни, валидни и сигурни заклучоци до кои се доаѓа како резултат на строго ориентирани нацрти кон кои строго се придржуваме, и кои најчесто завршуваат со општи генерализации. Наспроти него е квалитативниот пристап, кој има една поинаква ориентација т.е. подразбира проучување на феномените во нивната природна средина, нивно поцелосно и длабинско разбирање, проткаено со опис на настани и искуства во одредена ситуација, разбирање на значењата кои ги има одредена ситуација на учесниците во истражувањето, начинот на кој учесниците ја толкуваат ситуацијата, начинот на кој се разбира посебното опкружување во кое учесниците дејствуваат, како се воочуваат и толкуваат неочекувани и непредвидливи појави, трагање по одговори на прашања зошто и како се одвиваат одредени настани, случувања, какво е нивното влијание врз учесниците и сл. Подразбира примена на различни истражувачки методи кои се темелат на темелна анализа на текстуална граѓа, настаната врз основа на личните искуства, животни приказни, студии на случај, поединечни или групни интервјуа, историски и други документи, анализа која ни овозможува сфаќање и разбирање на проучуваната појава во еден поширок историски, социокултурен контекст.
Во трудот го третираме прашањето за карактеристиките и специфичностите на квалитативната методологија и нејзината примена во општествените и хуманистичките науки.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Snezana Jovanova |
Date Deposited: | 09 Mar 2022 08:04 |
Last Modified: | 09 Mar 2022 08:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29463 |
Actions (login required)
View Item |