Математика низ игра, збор и разговор, за деца од 2-4 години, прирачник за родители и воспитувачи

Jovanova-Mitkovska, Snezana (2021) Математика низ игра, збор и разговор, за деца од 2-4 години, прирачник за родители и воспитувачи. ISBN ISBN: 978-9989-0-1272-3.

[thumbnail of Математика низ игра, збор и разговор 2-4 год., насловна.pdf] Text
Математика низ игра, збор и разговор 2-4 год., насловна.pdf

Download (116kB)
[thumbnail of Содржина.pdf] Text
Содржина.pdf

Download (92kB)

Abstract

Градењето куќа започнува со ставање цврсти темели кои ќе бидат во можност да ја издржат големината и тежината на конструкцијата за да биде стабилна во текот на долги години. Но, не е доволно само да изградиме куќа, туку од неа треба да направиме дом, а за тоа е потребно да вложиме многу љубов, истрајност, посветеност. Така и кај децата учењето, воспитанието и образованието се процеси кои започнуваат од моментот кога детето доаѓа на овој свет и траат во текот на целиот живот. Ако целата своја љубов која произлегува од срцето, енергијата, посветеноста ја насочиме и им ја дадеме на децата за кои се грижиме, тогаш цврстите темели поставени во најраната возраст ќе им овозможат на децата можност за надградба, дополнување, проширување, унапредување на вештините, способностите, знаењата низ и преку игра, запознавајќи ја математиката која е насекаде околу нас. Развојните фази кај децата ги следат одредени законитости кои од настанокот на човештвото до денес не се сменети, сменети се само условите во кои децата растат, можностите кои им ги нудиме на располагање ние возрасните и пристапот до нови современи средства за работа и информатичко-компјутерска технологија.
Бидете сигурни дека сета љубов, енергија што ќе ја посветите, ќе ја вложите во воспитување, образование на вашите деца ќе ви донесе голема среќа, затоа што ќе создадете личност која ќе биде сигурна, среќна и подготвена за предизвиците кои ја чекаат во одењето по патеката наречена живот.
Затоа овој прирачник им е посветен на најодговорните за воспитание и образование на децата од најрана возраст, а тоа се, пред сè, родителите, а потоа вторите мајки како што ги нарекуваат, воспитувачите, наставниците и сите оние кои се грижат за правилен раст и развој на децата, нашата иднина.
Од авторите

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 15 Feb 2022 07:36
Last Modified: 15 Feb 2022 07:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29460

Actions (login required)

View Item View Item