Улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на државните функции за ефикасни државни органи

Majhosev, Andon (2022) Улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на државните функции за ефикасни државни органи. Општествените промени во глобалниот свет, Зборник на трудови. pp. 88-103. ISSN 978-608-244-837-4

[thumbnail of Proceedings Vol.1 final 2021 (1).pdf] Text
Proceedings Vol.1 final 2021 (1).pdf - Published Version

Download (437kB)

Abstract

Односите со јавноста се дефинирани како постојана, двонасочна стратешки
водена комуникација со интерната и екстерната целна јавност заради остварување на
взаемна корист. Односите со јавноста се стратешки комуникациски процес кој создава
заемно корисни односи меѓу индивидуите/организациите и нивната публика (јавност).
Оттука, односите со јавност претставуваат значајна форма во функционирањето на
државата и насекаде се признати како клучен елемент во организацијата на било кој
државен орган, без оглед дали обавува законодавна, извршна, судска власт или пак е
единица на локалната самоуправа. Од тие причини се смета моќна алатка во насока на
зголемување на ефикасноста во државната служба. Целта на овој труд е да ги анализира
односите со јавност, организацијата, примената, нивното значење функционалност и
практична примена во државните органи во Република Северна Македонија. Особено
трудот ќе се осврне на примената на односите со јавност, како влијаат врз напредокот
на државните органи. Главниот акцент на трудот е да се види како се применуваат
правилата на односите со јавност, позитивните и негативните страни и како влијаат на
ефикасноста на државните органи. Покрај тоа, ќе бидат анализирани и законите кои се
поврзани со функцијата односи со јавност на непосреден и посреден начин. Заклучокот
е дека односите со јавност во нашата држава се во подем во однос на нормативната
поставеност и правилата на однесување, во однос на практичната применливост не е во
доволна мера сфатена улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на
државните функции. Оттука, се јавува неопходност од поголема заложба на одговорните
лица и експертите за односи со јавност да ја истакнат улогата и значењето на оваа
научна и практично применлива дисциплина како неодминлив начин за ефикасно
функционирање на државните органи.
Клучни зборови: односи со јавност, државни функции, државни органи, стратешки
менаџмент

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 15 Feb 2022 07:12
Last Modified: 15 Feb 2022 07:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29444

Actions (login required)

View Item View Item