Некои размислувања за валидноста на Договорот од Преспа низ призмата на меѓународното задолжително право

Nikodinovska Krstevska, Ana (2021) Некои размислувања за валидноста на Договорот од Преспа низ призмата на меѓународното задолжително право. In: Свечен научен собир „Современата македонска држава - две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година, 27-28 Sept 2021, MANU webinar.

[thumbnail of Конечна програма (3).pdf] Text
Конечна програма (3).pdf

Download (266kB)
[thumbnail of Конечна програма (3).pdf] Text
Конечна програма (3).pdf

Download (266kB)
[thumbnail of prezentacija konf. MANU 28.09.2021.pdf] Text
prezentacija konf. MANU 28.09.2021.pdf

Download (1MB)

Abstract

Договорот од Преспа склучен помеѓу Република Македонија и Хеленската република во 2018 г., чија цел беше завршување на долгогодишниот спор за името Македонија, се склучи со повреда на некои основни норми како на внатрешното право на македонската држава така и на меѓународното право, коишто ја доведуваат во прашање неговата валидност. Меѓу повредените норми коишто задираат во сферата на меѓународното право се вбројуваат принципот на самоопределување на народите, забраната за мешање во внатрешните работи на државите и принципот на суверена еднаквост. Од нив, фокусот на трудот ќе биде насочен кон принципот на самоопределување на народите, како принцип со ius cogens карактер, со задолжителна сила во меѓународниот поредок, но и како норма којашто наметнува обврски erga omnes за субјектите на меѓународното право. Целта е да се докаже дека повредата на принципот на самоопределување на народите согласно Виенската конвенција за договорно право од 1969 г., претставува основ за ништовност на меѓународниот договор, во конкретниот случај на Договорот од Преспа. Врз основа на тоа, исто така ќе се определат и основите за меѓународна одговорност за повреда на истоимента норма во меѓународното право.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Nikodinovska Krstevska
Date Deposited: 31 Jan 2023 07:48
Last Modified: 31 Jan 2023 07:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29429

Actions (login required)

View Item View Item