Европскиот налог за апсење и условите за притвор vis-à-vis Европската конвенција за човекови права: случајот Dorobantu

Josifovic, Ivica (2021) Европскиот налог за апсење и условите за притвор vis-à-vis Европската конвенција за човекови права: случајот Dorobantu. Годишен зборник на Правниот факултет - Универзитет Гоце Делчев - Штип, 11. pp. 67-75. ISSN 1857-8713

[thumbnail of Godisen zbornik PF No11.pdf] Text
Godisen zbornik PF No11.pdf

Download (3MB)

Abstract

Трудот има за цел да ја прикаже применливоста на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во правниот поредок на ЕУ, која е предмет на научна анализа и дебата, особено откако релевантноста на основните права во правниот поредок на ЕУ е експлицитно нагласена од Судот на правдата на Европската Унија (СПЕУ). ЕУ не е (или барем сèуште) страна на Конвенцијата, ефектите од ЕКЧП во Правото на ЕУ се индиректни по природа, служат како извор на инспирација за општите принципи на Правото на ЕУ и се поклопуваат со Повелбата на ЕУ на основните права во бројни случаи. Трудот ја разработува пресудата во случајот Dorobantu кој се однесува на Рамковната одлука за Европскиот налог за апсење и условите за притвор преку повреда на членот 4 од Повелбата за основните права на ЕУ, но со директно повикување и примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во поглед на член 3 од ЕКЧП. Како што се забележува од трудот, СПЕУ воведе нов начин за примена на судската пракса на ЕСЧП, кое според авторот се движи подалеку од досега применетиот метод на Судот.
Клучни зборови: Европски налог за апсење, ЕСЧП, притвор, услови.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 15 Feb 2022 06:58
Last Modified: 15 Feb 2022 06:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29418

Actions (login required)

View Item View Item