Регулативата Еуродак: Кон подобар систем за евиденција и контрола на миграцијата и азилот

Josifovic, Ivica (2021) Регулативата Еуродак: Кон подобар систем за евиденција и контрола на миграцијата и азилот. Годишник на Факултетот за туризам и бизнис логистика, 1 (1). pp. 107-114. ISSN 2671-3969

[thumbnail of 4594-Article Text-7776-1-10-20211103.pdf] Text
4594-Article Text-7776-1-10-20211103.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Еуродак се однесува на европска биометриска база на податоци во која од државите-членки се бара да ги
внесат податоците за отпечатоци од прсти на барателите на азил за да идентификуваат каде влегле во Европската
унија. Тоа е компјутеризиран систем составен од централна единица, која работи со централната база на податоци за
биометриски податоци и комуникациска инфраструктура за пренос на податоци помеѓу државите-членки и
централната единица. Прво воспоставена во 2000 година според Регулативата на Еуродак и разгледана во 2013
година, нејзината главна цел на почетокот било да се олесни примената на Даблинската регулатива, која ја одредува
државата-членка одговорна за обработка на барањето за азил. Ова била основната логика за создавање база на
податоци Еуродак, во која од државите-членки се бара да ги снимаат податоците за отпечатоци од прсти на сите
лица кои бараат азил или кои се нелегално ја преминуваат надворешната граница на ЕУ. Измената од 2013 година го
прошири опсегот за да им обезбеди пристап на органите до Еуродак базата на податоци. Како дел од реформата на
заедничкиот европски систем за азил во 2016 година, Европската комисија предложи изменета Регулатива за
Еуродак на 23 септември 2020 година.
Клучни зборови: Еуродак, регулатива, база на податоци, азил, миграција

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 18 Feb 2022 08:52
Last Modified: 18 Feb 2022 08:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29394

Actions (login required)

View Item View Item