Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија

Galeva, Jordanka and Koroveshovska, Iskra and Majhoshev, Andon (2021) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија. [Project]

[thumbnail of 2021 Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија.pdf] Text
2021 Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Западниот регион на Република С. Македонија.pdf - Submitted Version

Download (375kB)

Abstract

Слободата на изразување е фундаментално право на човекот загарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, Советот на Европа, ЕУ и други меѓународни организации.
Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување како на уставно така и на законско ниво во Уставот на државата и Законите.
Земајќи во предвид дека слободата на изразување најчесто се смета за огледало на демократијата во една држава и зависно од тоа колку се почитува ова право, така се вреднува и демократијата во нејзиното општество. Медиумите и новинарите вршејќи си ги секојдневните професионални обврски најчесто се соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето токму на ова право на слободата на изразување.
Во овој Научно-истражувачки проект ќе ја истражиме перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Целта на истражувањето е да се дојде до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во Западниот дел на Република С. Македонија.
Основно истражувачко прашање по кое ќе се води истражувањето е
“Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Западниот дел на Република С. Македонија?”

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jordanka Galeva
Date Deposited: 14 Feb 2022 11:46
Last Modified: 14 Feb 2022 11:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29391

Actions (login required)

View Item View Item