Negrievska, Nadica (2021) Синтаксичко-семантички функции на предлогот SU и неговите можни еквиваленти во македонскиот јазик. Годишен зборник на Филолошки факултет, 12 (17). pp. 15-24. ISSN 1857-7059
Text
Синтаксичко-семантички функции на предлогот SU и неговите можни еквиваленти во македонскиот јазик.pdf Download (605kB) |
Abstract
Апстракт. Семантиката на предлозите, која е наш предмет на истражување во овој труд, ќе ја анализираме врз основа на релациите кои ги воспоставуваат предлозите со другите зборови во реченицата. Значењето е многу комплексно и тешко за дефинирање бидејќи неговото проучување вклучува повеќе фактори и дисциплини. Многу често еден збор може да се употреби со значење кое е различно од она основното и притоа добива ново, поинакво кое се нарекува фигуративно или преносно. Предлозите најчесто се јавуваат со своето примарно значење кое е просторно, а по пат на метафора добиваат ново, изделено значење.
Во нашиот труд ќе направиме една детална анализа на предлошките конструкции кои се состојат од предлогот su и именски збор и ги изразуваат истите синтаксички и семантички функции што некогаш ги изразувале падежите со предлози или без нив во латинскиот јазик. Притоа, ќе се обидеме да ги најдеме сите можни еквиваленти во македонскиот јазик преку еден контрастивен пристап.
Клучни зборови: функции, предлошки конструкции, контрастивна анализа, еквиваленти, италијански јазик, македонски јазик.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 20 Jan 2023 09:47 |
Last Modified: | 20 Jan 2023 09:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29354 |
Actions (login required)
View Item |