Denkova, Jadranka and Majhosev, Andon and Ananiev, Jovan (2021) Улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на државните функции за ефикасни државни органи. In: Осма меѓународна конференција. Оптштествени промени на Глобалниот свет, Sept 2021, Stip.
Text
Proceedings Vol.1 final 2021(1)-1-15.pdf Download (4MB) |
|
Text
Proceedings Vol.1 final 2021(1)-87-102.pdf Download (424kB) |
Abstract
Односите со јавноста се дефинирани како постојана, двонасочна стратешки
водена комуникација со интерната и екстерната целна јавност заради остварување на
взаемна корист. Односите со јавноста се стратешки комуникациски процес кој создава
заемно корисни односи меѓу индивидуите/организациите и нивната публика (јавност).
Оттука, односите со јавност претставуваат значајна форма во функционирањето на
државата и насекаде се признати како клучен елемент во организацијата на било кој
државен орган, без оглед дали обавува законодавна, извршна, судска власт или пак е
единица на локалната самоуправа. Од тие причини се смета моќна алатка во насока на
зголемување на ефикасноста во државната служба. Целта на овој труд е да ги анализира
односите со јавност, организацијата, примената, нивното значење функционалност и
практична примена во државните органи во Република Северна Македонија. Особено
трудот ќе се осврне на примената на односите со јавност, како влијаат врз напредокот
на државните органи. Главниот акцент на трудот е да се види како се применуваат
правилата на односите со јавност, позитивните и негативните страни и како влијаат на
ефикасноста на државните органи. Покрај тоа, ќе бидат анализирани и законите кои се
поврзани со функцијата односи со јавност на непосреден и посреден начин. Заклучокот
е дека односите со јавност во нашата држава се во подем во однос на нормативната
поставеност и правилата на однесување, во однос на практичната применливост не е во
доволна мера сфатена улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на
државните функции. Оттука, се јавува неопходност од поголема заложба на одговорните
лица и експертите за односи со јавност да ја истакнат улогата и значењето на оваа
научна и практично применлива дисциплина како неодминлив начин за ефикасно
функционирање на државните органи.
Клучни зборови: односи со јавност, државни функции, државни органи, стратешки
менаџмент
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jadranka Denkova |
Date Deposited: | 10 Feb 2022 21:22 |
Last Modified: | 10 Feb 2022 21:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29339 |
Actions (login required)
View Item |