Kovacevska, Ivona (2021) Фокални инфекции од оралната средина и можности за системска импресија. In: 10 ти симпозиум со меѓународно учество: Инфекции во секојдневната стоматолошка пракса - новини во дијагностиката, третманот и превенцијата, 20 Noemvri 2021, online, Microsoft Teams. (Unpublished)
Text
БИОРАФИЈА-И-АБСТРАКТ-ноември-ШТИП pdf.pdf Download (448kB) |
|
Text
ШТИП-20.11.2021-Autosaved pdf.pdf Download (11MB) |
|
Text
БИОРАФИЈА-И-АБСТРАКТ-ноември-ШТИП pdf.pdf Download (448kB) |
Abstract
Присуството на микроорганизмите и нивната трансмисија од оралната средина во целиот организам, претставува сознание, за кое уште Гален пред нашата ера посведочил. Но, во дваесеттите години на минатиот век, за прв пат се спомнуваат фокалните инфекции кои датираат од оралната средина, преку кои се дисаминираат микроорганизми или нивните токсини и нус продукти во оддалечени ткива и органи со единствена цел, нарушување на нивниот интегритет. Иако ваквата состојба генерално се одвива асимптоматски, примарниот фокален статус најчесто се наоѓа во устата.
Фокалните инфекции се дефинираат како еден вид на автоимуни промени и процеси, каде што патолошкиот агенс, микроорганизмите, од едно место, најчесто оралната средина - фокално жариште, преку системска трансмисија предизвикува патолошки промени на орган или системи, кои се дефинираат како како целни таргет зони. Ваквиот патоген механизам предизвикува системски промени и функционални нарушувања.
Како фокални базични елементи кои се наоѓаат во оралната средина се заболувањата на забите, нивниот потпорен апарат, тонзилите, синусите, па во предавањето ќе се задржиме на современите аспекти за фокалозите во контекст на дијагностиката, детерминацијата, можните системски консекутивни пореметувања и заболувања во организмот.
Во контекст на ова предавање, ќе се осврнеме и на тераписките можности, насоки и препораки при оралните фокалози, во функција на зачувување на оралното здравје како интегриран дел на целокупното здравје во организмот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 09 Feb 2022 08:47 |
Last Modified: | 09 Feb 2022 08:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29317 |
Actions (login required)
View Item |