Предговор кон книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ од Иван Котев (Македонски народни песни од Струмица и Струмичко за Балканските војни и Првата светска војна)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) Предговор кон книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ од Иван Котев (Македонски народни песни од Струмица и Струмичко за Балканските војни и Првата светска војна). „Грозен бој се почна горе на Балкано“ Иван Котев. ISSN 978-608-4845-10-2

[thumbnail of Предговор кон книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ од Иван Котев.pdf] Text
Предговор кон книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ од Иван Котев.pdf

Download (490kB)

Abstract

Еден од најактивните собирачи на фолклорот од Струмица и Струмичко, Иван Котев, фолклорист и истражувач на фолклорното богатство од овој регион, запишал над
четириесет народни песни со мотиви од Балканските војни и од Првата светска војна. Во однос на останатите видови песни што Котев ги има собрано и запишано (импозантна бројка од над илјада), песните со вакви мотиви се малку на број, но не помалку вредни. Книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ Македонски народни песни од Струмица и Струмичко за Балканските војни и за Првата светска војна е неговата најнова објава на песни што ги запишувал во периодот од 1970 до 2020 година, а се со мотиви од Балканските војни и од Првата светска војна.Книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ Македонски народни песни од Струмица и Струмичко за Балканските војни и за Првата светска војна содржи 13 лирски песни со мотиви од Балканските војни и 26 лирски и 1 епска песна со мотиви од Првата светска војна, а на крајот, покрај списокот на информатори и топоними, Иван Котев приложува и речник на помалку познати зборови.Педесетгодишната активна собирачка дејност резултира со четиринаесет објавени книги со оригинален и издашно богат фолклористичко етнографски материјал собран од тлото на Струмица и регионот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 09 Feb 2022 12:00
Last Modified: 09 Feb 2022 12:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29286

Actions (login required)

View Item View Item