Samardzieva, Bojana and Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) Верувањата во болести и обредната практика за нивно лекување во Тиквешкиот Регион. Годишен зборник, Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. ISSN 1857-7059
Text
Верувањата во болести и обредната практика за нивно лекување во тиквешкиот регион.pdf Download (9MB) |
Abstract
Народните верувања и обредната практика којашто произлегува од нив,во македонската традиција егзистираат толку долго колку што човекот ги зачувал во својата колективна меморија. Човекот на својот пат низ времето, не можејќи да даде логично објаснување за одредени појави, се обидувал да ги протолкува согласно сопствените религиозни погледи и убедувања. Соочен со немилосрдната сила на природата, но и
налетот на болестите за кои многу малку знаел, прибегнувал кон примена на обредни активности во надеж дека ќе се заштити себе, заедницата и плодородието. Обредната практика за заштита од болестите била широко распространета на територијата на Македонија, а остатоци од неа постојат и денес. Обичаите, празнувањето на одредени празници, забраните, магиските активности сочувале свои остатоци во Tиквешкиот Регион. Нив ги препознаваме во кажувањата, верувањата, легендите, преданијата, песните и обичаите, коишто до ден денес се зачувани во овој регион. Собирачите на македонското народно творештво оставиле фолклорни материјали од кои денес се црпат факти за богатата македонска фолклорна традиција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 09 Feb 2022 12:00 |
Last Modified: | 09 Feb 2022 12:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29285 |
Actions (login required)
View Item |