Naskova, Sanja and Dimova, Cena (2021) Проценка на ризик за кариес кај деца со млечна и трајна дентиција. Knowledge – International Journal, 49.4. ISSN 1857-923X
Text
KIJ, Vol. 49.4-1-17.pdf Download (649kB) |
|
Text
CARIES RISK ASSESSMENT IN CHILDREN WITH PRIMARY AND PERMANENT DENTITION.pdf Download (523kB) |
Abstract
Резиме: Најмасовно заболување во историјата на човештвото со класично пандемско обележје e денталниот
кариес, кој претставува хронично заболување на тврдите забни ткива, со прогресивен центрипетален тек,
иреверзибилна природа, на кое поединци се подложни во текот на целиот свој живот поради што и
предизвикува нагласен социјален, медицински и економски проблем. За реализација на поставените цели
опсервирани се деца по случаен избор од предучилишните и основните училишта во градот Штип. Во
истражувањето се вклучени 145 испитаници и тоа 74 деца (35 од женски и 39 од машки пол) на возраст од 4
години и 71 дете (26 од женски и 45 од машки пол) на возраст од 12 години. Стоматолошките прегледи ги
реализиравме со користење преносливи светилки со јачина од 60 W со бело-син спектар и стерилизирани
пародонтални сонди бр.5 и огледалце. За да избегнеме визуелен замор, во текот на еден ден беа
опсервирани најмногу 15 деца. Испитувањата ги направивме после усмена согласност на испитаниците и
родителите. Според добиените податоци од клиничкиот преглед, го одредувавме интензитетот
(присуството/отсуството) на денталниот кариес (WHO, Geneve, 1997) кои ги нотиравме и толкувавме на
следниов начин: за млечната дентиција толкувањето беше ≤ 3- низок кариес ризик, 4-6 - умерен кариес
ризик, ≥ 7- висок кариес ризик. За трајната дентиција толкувањето беше: 0,0-0,9 - многу низок кариес ризик,
1,0-2,4 - низок кариес ризик, 2,5-3,8 - умерен кариес ризик, 3,9-5,5 - висок кариес ризик, ≥ 5,6 - многу висок
кариес ризик. Резултатите кои се однесуваат на млечната дентиција покажуваат дека во експерименталната
група од вкупно 43(58,10%)деца, 15(20,30%) имале низок кариес ризик (<= 3), 20 (27,00%) биле со умерен
кариес ризик (4-6), 8(10,80%) со висок кариес ризик (=> 7). Во контролната група сите 31(41,90%) биле со
низок кариес ризик (<= 3). Во прикажаната дистрибуција на податоци кои се однесуваат на интензитетот на
денталниот кариес кај децата со млечна дентиција, за Fisher's Exact Test=36,52 и p<0,001(p=0,000 / 0,000-
0,000) постои значајна разлика помеѓу двете групи. Податоците кои се однесуваат на интензитетот на
денталниот кариес кај децата со трајна дентиција покажуваат дека во експерименталната група од вкупно
40(56,30%) деца, 32(45,10%) деца имале низок кариес ризик (1,0-2,4), 1(1,40%) дете имало умерен кариес
ризик (2,5-3,8), 7(9,90%) деца имале висок кариес ризик (3,9-5,5). Во контролната група (без дентален
кариес) сите 31(43,70%) деца имале многу низок кариес ризик (0,0-0,9). Во прикажаната дистрибуција на
податоци кои се однесуваат на интензитетот на денталниот кариес кај децата со трајна дентиција, за Fisher's
Exact Test=85,30 и p<0,001(p=0,000 /0,000-0,000) постои значајна разлика помеѓу двете групи. Досегашните
повеќе децениски испитувања за евалуацијата и идентификацијата на деца со висок ризик од кариес и
откривање на причината за истите е од огромно значење и докажано е дека повеќе ризични фактори најчесто
делуваат истовремено за појавата на денталниот кариес.
Клучни зборови: дентален кариес, кариес ризик, млечна дентиција, трајна дентиција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Naskova |
Date Deposited: | 12 Feb 2022 09:55 |
Last Modified: | 12 Feb 2022 09:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29269 |
Actions (login required)
View Item |