Европската мигрантска криза и повредата на човековите права и основни слободи загарантирани со Европската конвенција за човекови права -анализа на случај Hirsi Jamaa и останатите против Италија -

Ivanova, Elena (2021) Европската мигрантска криза и повредата на човековите права и основни слободи загарантирани со Европската конвенција за човекови права -анализа на случај Hirsi Jamaa и останатите против Италија -. In: Миграција и азил: национална, меѓународна и европска рамка / Migration and asylum: national, international and European framework. Универзитет „Гоце Делчев“, Правен факултет, pp. 21-38.

[thumbnail of Migracija i azil_konecna verzija_2022_final(1)  Elena Maksimova.pdf] Text
Migracija i azil_konecna verzija_2022_final(1) Elena Maksimova.pdf

Download (4MB)

Abstract

Европската мигрантска криза, или позната како бегалската криза, е израз за серија
случувања поврзана со масовното доаѓање на бегалци на Европското тло во изминатата декада. Во
меѓувреме, соочени пред огромниот наплив на мигранти празнините во политиките на ЕУ за азил,
надворешни граници и миграција станаа повидливи и се засилија. Неспорно е дека огромниот
проток на луѓе, вклучувајќи многу семејства со млади деца, како и не придружувани малолетници,
претставува предизвик за сите европски земји, а нивните ресурси беа сериозно тестирани. Сепак, и
понатаму е од витално значење постојано да се почитуваат правата на поединците кои бараат
меѓународна заштита. Од 2015 година до денес, огромниот наплив на мигранти повлече одредени
негативни реперкусии во оваа насока. Низа човекови права и слободи, загарантирани во мноштво
меѓународни документи, пред се со Европската конвенција за човекови права, беа повеќекратно
прекршувани во процесот, што наиде на остри меѓународни критики од страна на непристрасните
набљудувачи. Бидејќи Италија беше една од земјите (заедно со Грција и Шпанија) кои беа први на
ударот на мигрантите кои пристигаа по поморски пат до ЕУ, тоа значеше сериозно оптоварување на
системот кое предизвика низа инциденти, од „затворање“ на влезот и непримање мигранти до
смртни случаи на мигрантите во водите патем кон Италија. Италија презеде низа политички чекори
кои пак сами по себе носеа опасности за мигрантите, непосредно загрозување на нивните основни
слободи и права, но и нивно сурово и повеќекратно кршење. И колку за потсетување, ваквата пракса
не е новина за Италија и Европа воопшто и е веќе детектирана преку пресудите на Европскиот суд
за човекови права. Со цел да алармираме од опасноста од повторување на силната виолација на
човековите права на мигрантите на самиот влез во Европа (а имајќи во предвид повторување на
други пракси кои упатуваат кон тоа, презентирани подолу), пренесуваме анализа на праксата на
Судот со акцент на една пресуда стожерна за материјава. Заедно со анализата на ситуацијата дадена
претходно, сметаме дека може да посочи на низа опасности кои демнат во однос на бегалците и
мигрантите и нивните права, а кои ги загрозуваат нивните основни права, а пред се нивните животи.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 08 Feb 2022 11:39
Last Modified: 08 Feb 2022 11:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29259

Actions (login required)

View Item View Item