Антејскиот потенцијал во прозата на Конески

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2021) Антејскиот потенцијал во прозата на Конески. „Спектар“, меѓународно списание за литературна наука, Институт за македонска литература, Скопје. ISSN 0352-2423

[thumbnail of Lusi Karanikolova trud Spektar 2021.pdf] Text
Lusi Karanikolova trud Spektar 2021.pdf

Download (468kB)

Abstract

Во оваа статија правиме обид за интерпретација на Антејскиот потенцијал во прозата на Конески. Се фокусираме на расказите „Лозје“, „Прочка“ и „Песна“ и на две записки од книгата „Дневник по многу години“: „Беласица“ и „Бавча“. Идејата за една ваква тема, во годината во која го обележуваме многузначајниот јубилеј – 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески, доаѓа од повеќе страни: најнапрад, основната, семантичка доминанта на севкупното негово литературно творешто, поврзаноста и произлезноста на тоа творештво од домашната, македонска почва, врската со традицијата и, секако фактот што прозата на Конески е послабо проучувана. Во таа смисла, можеби оваа статија дава скромен придонес, но ни се чинеше најсоодветна за овој повод.
Овде правиме обид за доловување на суптилната поврзаност на Конески со татковинското, патриотското и мајчинското. Во прозните текстови што ги одбравме за прочит и анализа од ваков аспект, Антејскиот капацитет се рефлектира најмалку двојно-татковински и мајчински. Препознавањето на Антејската сила се движи или по национална, патриотска линија, или пак за него земјата македонска е мајка – родилка. Прозните ентитети со ваков потенцијал (зборови, синтагми и реченици) се изолирани и интерпретирани семантички и контекстуално. Впрочем, ништо ново не се кажува, ако веќе се знае дека имено, речиси и да не постои песна, расказ, запис од Конески каде родната грутка не е барем асоцирана. Оттука и потребата таа врска да биде наречена Антејска, Бездруго, прозата на Конески има таков потенцијал.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 04 Feb 2022 08:46
Last Modified: 04 Feb 2022 08:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29220

Actions (login required)

View Item View Item