Хидротермални измени во оловно-цинковото наоѓалиште „Злетово“ врз примерот на рудна жица II и III

Serafimovski, Todor and Boev, Blazo and Milosavlevski, M (1990) Хидротермални измени во оловно-цинковото наоѓалиште „Злетово“ врз примерот на рудна жица II и III. Geologica Macedonica. ISSN O352-1206

[thumbnail of GEOLOGICA_1991_B.pdf]
Preview
Text
GEOLOGICA_1991_B.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Хидротермалните измени на вулканските карпи во оловно-цинковото наоѓалиште Злетово и неговата непосредна околина претставуваат посебно обележје на ова рудоносно подрачје. Интезитетот на алтерациите на вулканските карпи (главно децитски игнимбрити) е толку силно изразен што во денешни услови е сосем тешко да се пронајде примерок на наполно свежа карпа. Екстензивно најраспространета промена на вулканските карпи е пропилитизацијата, манифестирана преку појавата на хлорит, делумно епидот, калцит, пирит и др. Од хидротермалните алтернации, чии манифестации се констатирани непосредно околу рудните жици, најкарактеристични се силификацијата, серицитизацијата и коалинизацијата, придружени од пирофилитизација, карбонатизација, К-фелдепатизација и др.
Покрај наведените типични хидротермални измени, во наоѓалиштето Злетово се регистрирани и поголем број на алтерации кои се карактеризираат со намален екстензитет, но наместа со нагласен интензитет. Во оваа група на измени посебно треба да се истакнат адуларизацијата, аргилитазацијата, сидеритизацијата, титанизацијата, лимонитизацијата, создавањето на хидромусковит, калцедон и др.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Todor Serafimovski
Date Deposited: 03 Dec 2012 13:00
Last Modified: 27 Jun 2013 08:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2922

Actions (login required)

View Item View Item