Феноменот на животните фази во поезијата на Конески

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2021) Феноменот на животните фази во поезијата на Конески. Палимпсест, меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, бр. 12. ISSN 2545-398X

[thumbnail of 06 - Lusi Karanikolova trud Pal br 12 DOI CELO.pdf] Text
06 - Lusi Karanikolova trud Pal br 12 DOI CELO.pdf

Download (4MB)

Abstract

Во оваа статија го третираме прашањето на животните фази во поезијата на Блаже Конески, од гледна точка на историјата и теоријата на менталитетот. Се ставаат на прочит и супспецијалистичка анализа девет песни на Конески: „За животот“ и „Ars poetica“ од стихозбирката „Стари и нови песни“ (1979), потоа, „Децата“, „Будење“, „Возрасти“ и „Бебе“ од книгата „Послание“ (1987), „Опит“ од збирката „Црква“ (1988) потоа песната „Животен пат“ од стихозбирката „Сеизмограф“ (1989) и песната „Нова година 1992“ од збирката „Црн овен“ (1993). Станува збор за рефлексивни песни со изразити елегични белези и, одбрани за да се прикаже поимањето на поетот по однос на феноменот – животни фази, односно старосни степени. Во таа смисла, во песните и преку нив ќе се третираат различните животни периоди (детство, младост, зрела доба и старост), хронолошки, според историјата на европскиот менталитет (антика, среден век и нов век), какви што и се среќаваат во овие песни, но и размислувањата и чувствата на нагласениот лирски субјект по однос на ова прашање.
Целта е да се претстави еден помалку познат на пошироката македонска читателска публика Конески, возрасен, по малку уморен и меланхоличен, Конески, кој знае да филозофира, поетски да вообличува апстракции, да прозвучи изнемоштено, да тагува и боледува, да се радува и да го вреднува животот

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 04 Feb 2022 08:30
Last Modified: 04 Feb 2022 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29218

Actions (login required)

View Item View Item