Детското престапништво во Република Северна Македонија низ призмата на половата застапеност

Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena and Rogleva, Aleksandra (2021) Детското престапништво во Република Северна Македонија низ призмата на половата застапеност. In: Eight International Scientific Conference - Social Changes in the Global World - Faculty of Law UGD, 6-7 September 2021, Штип.

[thumbnail of 8 conference Faculty of Law UGD Nanev&Kosevaliska&Maksimova&Rogleva.pdf] Text
8 conference Faculty of Law UGD Nanev&Kosevaliska&Maksimova&Rogleva.pdf

Download (4MB)

Abstract

Организираните и индивидуалните облици на однесување кај децата со кои се
кршат општоприфатените правни и морални вредности во општествената заедница,
манифестираат растечки тренд во изминатите години. Во современи услови, детското
престапништво бележи поголемо учество во севкупниот криминалитет од порано, а
истовремено се карактеризира со исклучително брза динамика на пораст и квалитативно
нови, потешки облици на напад врз заштитените општествени добра. Ваквите состојби,
во основа, се условени од комплексните факторите што го детерминираат современото
живеење, кои меѓу другото имаат непосредно влијание и врз начинот на однесување
на младите како посебна социо - биолошка категорија. Кога станува збор за половата
застапеност на деликвентните поведенија кои ги манифестираат децата, општо познат
факт е дека учеството на момчињата во вкупниот обем на детско престапништво е
значително поголемо во споредба со она на женските лица. Ова генерално се должи на
разликите што постојат во биопсихолошките особини кај момчињата и девојчињата,
но и различното обликување и третман на општествените улогите што ги имаат
припадниците на двата пола.
Полот како социо - демографска карактеристика има особено значење во
објаснувањето на феноменологијата на детското престапништво. Во трудот е даден
фокус на основните феноменолошки карактеристики на детското престапнишво во
Република Северна Македонија, преку призмата на половата диференцијација која
предусловува вакви поведенија, како би се утврдиле основите на соодветна општествена
реакција и превенција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 04 Feb 2022 08:21
Last Modified: 04 Feb 2022 08:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29210

Actions (login required)

View Item View Item