Индустриски односи-регулатива, теорија и практика

Majhosev, Andon (2021) Индустриски односи-регулатива, теорија и практика. ISBN ISBN 978-608-244-807-7.

[thumbnail of IND. ODNOSI-Konecna verzija (3)-1-13.pdf] Text
IND. ODNOSI-Konecna verzija (3)-1-13.pdf - Published Version
Restricted to Registered users only until 26 January 2022.

Download (450kB) | Request a copy

Abstract

Индустриските односи и улогата на синдикатот како теми многу малку го привлекуваат вниманието на современата наука, како во национални, така и во меѓународни рамки. Во научните списанија во последната деценија се помалку се анализираат и истражуваат индустриските односи, како и делувањето и општествената улога на синдикатот. Во националните научни кругови многу малку трудови можат да се пронајдат кои се бават со оваа проблематика. Важноста и актуелноста на оваа тематика дојде до израз по 2008 година со појавата на светската економска криза, а во тие рамки и соочувањето на Република Македонија со глобалната економска криза. Оттука, индустриските односи се важен сегмент за подобро разбирање на економската криза, но и терен за пронаоѓање методологија за излегување од таа криза. Секако, синдикатитесе важен општествен актер во системот на индустриските односи. Поради тоа, неминовно се наметнува потреба од сеопфатна анализа на општествената позиција и улога на сите актери во рамките на индустриските односи, особено на синдикатот.
Книгата со наслов "Индустриски односи-регулатива, теорија и практика" е прва книга во Република Македонија соваков наслов,која има интердисциплинарен приод во проучувањето на индустриските односи. Во неа, индустриските односи се анализираатод научен, теоретски, правен, политиколошки, социолошки и емпириски аспект.Иако, во книгатасе опфатени повеќе аспекти на индустриските односи, убеден дека сеуште има простор оваа тема да биде подлабоко истражена и збогатена со нови актуелни моменти. Оставам тоа да го каже времето, но уште повеќе стручната и научната јавност, чие научно мислење ќе ми биде драгоцено, со цел да ги пополнамнаучните празнини на оваа научна сфера.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 01 Feb 2022 08:49
Last Modified: 01 Feb 2022 08:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29201

Actions (login required)

View Item View Item