Компоненти на оперативно ниво на менаџмент

Sofijanova, Elenica and Andronikov, Darko and Stojanova, Radmila (2021) Компоненти на оперативно ниво на менаџмент. Yearbook - Faculty of Economics, 22 (1). pp. 51-55. ISSN 1857-7628

[thumbnail of OPERATING LEVEL OF MANAGEMENT COMPONENTS.pdf] Text
OPERATING LEVEL OF MANAGEMENT COMPONENTS.pdf - Published Version

Download (324kB)

Abstract

Менаџментот со човечките ресурси е стратешки и кохерентен пристап кон раководењето со највредните ресурси во една организација - луѓето кои работат таму и кои индивидуално и колективно придонесуваат за остварување на организациските цели. Менаџирајќи со човечките ресурси, се прават збир на операции кои се синтетизираат на многу видлив и кохерентен начин. Се создаваат неколку менаџерски системи составени од филозофии, политики, стратегии и процеси за човечките ресурси. Управувањето со човечкиот фактор подразбира и неформални приоди и позитивни практики, кои можат да се согледаат преку анализирање на работниот процес, изготвување на планови за пополнување на работните позиции, процес на регрутирање, селекција и избор на нововработени, како и нивна понатамошна обука и професионален развој. Со дефинирана визија и мисија, започнува создавање на организациската стратегија. Во неа се дефинираат сите потребни ресурси со кои ќе се реализираат организациските цели. Во понатамошното менаџирање во организацијата, преку спецификација на работните задачи за секоја работна позиција се започнува процесот на извршување на зацртаните работни активности, врз база на одредени организациски системи и процедури.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Менаџмент со човечките ресурси, менаџерски системи, професионален развој, визија, мисија, спецификација на работните задачи.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Andronikov
Date Deposited: 27 Jan 2022 09:31
Last Modified: 01 Feb 2024 12:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29147

Actions (login required)

View Item View Item