Jovanov, Tamara (2021) Дејноста на работењето е клучен фактор за претпријатијата погодени од пандемијата. UGD Life.
Text (Intervju za elektronska platforma UGD LIFE)
УГД Лајф Интервју - Влијанијата на Ковид кризата врз малите и средни претпријатија.pdf - Published Version Download (132kB) |
Abstract
Дали компаниите се погодени од оваа ковид криза или не зависи од тоа во која дејност работат.
‚‚Најголем дел од регистрираните микро и мали компании кај нас се во дејноста на трговија на мало и големо, преработувачка индустрија, услужни дејности и стручни, научни и технички дејности, кои поради природата на мерките за спречување на ширење на вирусот несомнено беа дел од силно погодените сектори (индустриско производство, угостителство, трговија и транспорт). Така на пример, најголемо намалување на бројката на компании имаме во секторот други услужни дејности (15.2%, односно за 911 субјекти), додека пак секторите дејности на здравствена и социјална заштита и информации и комуникации бележат зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1.9% и 1.4%, респективно. Овие сектори, независно од големината на компаниите во нив, забележаа и зголемување на приходите од работењето‘‘.
Kомпаниите кои имаа соработка со повеќе различни пазари, кои имаа подиверзификувано и пошироко портфолио на производи, кои ги следеа трендовите на дигитализација на работењето, кои имаа изградено силни мултидисциплинарни тимови (наспроти правење сѐ сам или преку штетното микро менаџирање), кои имаа поголема база на лојални потрошувачи и повеќе различни извори на финансии, кои подобро ги познаваа правните легислативи и можеа полесно да ги следат, поминаа многу подобро во кризата во споредба со компаниите кои немаа изградено значителна конкурентска предност на пазарот.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 26 Jan 2022 08:24 |
Last Modified: | 26 Jan 2022 08:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29083 |
Actions (login required)
View Item |