Моделирање и симулации - скрипта

Delipetrev, Blagoj and Stojkovic, Natasa and Utkovski, Zoran (2015) Моделирање и симулации - скрипта. ISBN 978-608-244-250-1.

[thumbnail of Modeliranjeisimulaciiskripta.pdf] Text
Modeliranjeisimulaciiskripta.pdf

Download (2MB)

Abstract

Скриптата „Моделирање и симулации“ е наменета за студентите од прв циклус студии на Факултетот за информатика за предметот Моделирање и симулации кој се слуша во петтиот семестар, со фонд на часови 2+1+1, на студиските програми Компјутерски науки и Компјутерско инженерство и технологии.
Во првата глава е даден вовед во симулациите, се адресираат нивните предности и недостатоци, и се анализираат случаите кога тие се соодветна алатка за моделирање на системи. Покрај другото, објаснети се и сите чекори кои се потребни
во процесот на симулација.
Во втората глава се разгледуваат техники за генерирање на случајни броеви. Дадени се средно-квадратниот метод, методот на линеарна конгруентност, адитивниот конгруентен метод и комбинираниот линеарно - конјугиран метод. Исто така, се
разгледуваат и тестови за случајни броеви, тестови за фреквенција, тестови за монотоност и тестови за автокорелација.
Во третата глава се разгледуваат методите за генерирање на случајни променливи: техниката со инверзна трансформација, методот на конволуција и техниката за прифаќање и одбивање. Дадени се и постапките за генерирање на експоненцијална, рамномерна, триаголна, Вејбулова, геометриска, нормална,
Ерлангова и Пуасонова распределба.
Во четвртата глава се анализира моделирањето на влезните податоци. Дадени се начини на собирање на влезни податоци и методи за идентификација на распределбите на податоците. Откако ќе бидат избрани распределбите на податоците, во следното поглавје се оценуваат нивните параметри.
Во петтата глава се разгледува една од најзначајните и најтешките задачи во развојот на моделот-верификацијата и валидацијата на моделот што се симулира. Дадени се различни критериуми за утврдување на валидноста на моделот.
Во шестата глава се воведуваат системи за масовно опслужување. Оваа глава е поделена на три подглавја:
1.1 Вовед во теоријата на масовно опслужување;
1.2 Прости системи за масовно опслужување и Маркови процеси;
1.3 Процеси на раѓање и умирање;
Во првото подглавје се објаснети поимите: популација од клиенти, влезен проток, редица на чекање, дисциплини на чекање и опслужување. Исто така, дадена е и Кендаловата класификација на системите за масовно опслужување, а се дефинира и прост поток на настани и време на опслужување.
Во второто поглавје од оваа глава се разгледуваат прости системи за масовно опслужување, Маркови процеси и Маркови вериги.
Во третото поглавје се објаснети процесите на раѓање и умирање. Објаснети се системите од облик: M/M/n/∞ и M/M/n/mи затворените системи за масовно
опслужување

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Stojkovik
Date Deposited: 24 Jan 2022 09:33
Last Modified: 24 Jan 2022 09:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29035

Actions (login required)

View Item View Item