Финансиски пазари и институции

Gogova Samonikov, Marija (2021) Финансиски пазари и институции. Faculty of Economics, Goce Delcev University-Stip. ISBN 978-608-244-793-3

[thumbnail of Марија Гогова Самоников.pdf] Text
Марија Гогова Самоников.pdf

Download (476kB)

Abstract

Учебникот „Финансиски пазари и институции“ од авторот, проф. д-р Марија Гогова Самоников претставува заокружена целина на темите поврзани со постулатите за постоењето и функционирањето на финансиските системи и сите негови составни елементи. Учебникот е наменет првенствено за изучување на предметот „Финансиски пазари и институции“ од страна на студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, за сите насоки на прв циклус на студии.
Учебникот е креиран врз основа на потребата од создавање учебно помагало кое на студентот ќе му овозможи формирање на слика за целокупното функционирање на финансиските системи. Финансискиот систем разгледуван од научен аспект претставува една комплексност составена од повеќе домени и аспекти кои се однесуваат на неговите постулати на функционирање, соодветни норми, потоа институции кои овозможуваат циркулација на паричните и останати средства, а тие влијаат на создавање посебни потсистеми кои го карактеризираат монетарното и јавно работење. Не смее да се заборави и меѓународната димензија на овој финансиски систем, кој неминовно сè повеќе се инфилтрира во сите општества, од најбогати кон најсиромашни, и има влијание во секој општествен систем.
За таа цел, учебникот се одликува со голема теоретска и практична значајност, како за студентите, така и за сите останати субјекти кои имаат интерес за проучување на финансиите во целина и неговите основни постулати.
Содржински, трудот е конципиран во 4 поглавја.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Marija Gogova
Date Deposited: 29 Dec 2021 08:31
Last Modified: 24 Jan 2023 09:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28989

Actions (login required)

View Item View Item