МЕРЕЊЕ НА МИРИЗБА СО СТАНДАРДНИ МЕТОДИ

Mirakovski, Dejan and Talevska Zhelcheska, Marija and Hadzi-Nikolova, Marija and Zendelska, Afrodita (2021) МЕРЕЊЕ НА МИРИЗБА СО СТАНДАРДНИ МЕТОДИ. Natural Resources and Technology, 15 (2). pp. 59-66. ISSN 1857-6966

[thumbnail of 4088] Text
4088

Download (2kB)

Abstract

Влијанието на миризбата врз човекот може да има потенцијални негативни ефекти и да предизвика здравствени проблеми. Заради тоа е потребно мерење на миризбата и постоење на законска регулатива за гранични вредности на миризба. Научните методи за мерење на миризба се базираат врз интернационални стандарди од кои најупотребуван е стандардот EN13725 Квалитет на воздух – одредување на концентрација на миризба со динамичка олфактометрија од Европскиот Комитет за стандардизирање (СЕN). Најчест параметар на миризба кој се одредува при мерењето на миризба е концентрација на миризба која се одредува со користење на инструмент наречен олфактометар. Концентрацијата на миризба може да се мери во строго контролирани лабораториски услови со помош на тренирани оценувачи на миризба и тогаш станува збор за лабораториска (динамичка, одложена) олфактометрија или се мери директно на терен со теренска (директна) олфактометрија. Во овој труд се прикажани резултати од мерење на миризба на фарма, со директна олфактометрија.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Afrodita Zendelska
Date Deposited: 21 Dec 2021 08:10
Last Modified: 21 Dec 2021 08:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28937

Actions (login required)

View Item View Item