Нирнбершки процес

Doneva, Natasa and Koceva, Anastazija (2017) Нирнбершки процес. Student's Social Science Journal, 3 (3). ISSN 2545-4021

[thumbnail of Донева Коцева Нирнбершки процес.pdf] Text
Донева Коцева Нирнбершки процес.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Нирнбершкиот процес не беше само крај на еден
голем процес во кој беа прегледани документи и беа сослушани сведоци- снимени на метри магнетофонски ленти. Тоа беше и правна премиера,бидејќи пресудата беше изречена од страна на Меѓународниот воен суд.
Меѓународниот воен суд заседавал во Нинберг, Германија, речисигодина дена.
Во целина претставува казнување на одговорни политички и
воени извршители на дотогаш најтешките злосторства против мирот,независноста и слободата на народот. Општоисториското значење на Нирнбершката пресуда се гледа посебно во тоа што претставува осуда на агресијата и принцип на лична одговорност на шефовите на државите и другите политички и воени лидери, кои планираат и спроведуваат агресивни војни, војни против мирот, слободата и независноста на
народот.
Нирнбершката пресуда е еден од најважните, импозантни акти
на современото демократско меѓународно право. За тоа говори и големиот интерес за проучување на пресудата не само од државниците, политичарите, правниците, туку и од широката маса на сите демократски држави.
Благодарение на автентичниот текст на Нирнбершката пресуда,
Лондонската спогодба од 1945 г., Статутот на Меѓународниот воен суд, Законот бр. 10, етаблирањето на Нирнбершките правила, се постигнува една правна целина, која дава јасен преглед на современите начела на меѓународното кривично право.
Клучни зборови: Нирнбершки процес, Нирнбершка пресуда,
Меѓународен воен суд, Меѓународно право.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 16 Dec 2021 09:08
Last Modified: 22 Jun 2022 09:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28896

Actions (login required)

View Item View Item