Todorova, Biljana (2021) Примена на најниска основица за пресметка и уплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. Knowledge – International Journal, 45 (6). pp. 1309-1314. ISSN 2545-4439
Text
Biljana Todorova - paper Kn45.6.pdf Download (1MB) |
Abstract
Резиме: Концептот на бруто плата во Република Северна Македонија е воведен од 1 јануари 2009 година. Новината што се воведе беше новиот начин на исплата на плата во која се содржани придонесите од задолжително социјално осигурување односно придонесите за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата; здравствено осигурување; здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување; осигурување во случај на невработеност; и стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење.
Според позитивните законски прописи месечната основица за пресметка на придонесите за осигурено лице по основ на вработување е пропишана во висина на месечна плата на која работникот има право. Притоа, најниска месечна основица е најнискиот износ на кој се пресметуваат и плаќаат придонеси, а највисока месечна основица е највисокиот износ до кој се пресметуваат и плаќаат придонеси.
Бидејќи националното трудовото законодавство утврдува дека секој работник има право на плата за извршената работа, која не може да биде пониска од пропишаната минимална плата, во трудот акцент се става на појаснувањето на врската помеѓу минималната плата и најниската основа за пресметка на придонеси вр основа на работен однос со склучен договор за вработување. Целта на трудот е да се објаснат околностите кога работодавачот е должен да ги пресметува придонесите на најниската пропишана основица.
Со примена на правниот метод ќе се овозможи согледување на позитивно – правните решенија кои постојат во домашниот систем за социјално осигурување. Социолошкиот метод ќе се употреби за да се истражат општествените причини кои го условиле постоењето на концептот на бруто плата. За целите на анализата ќе се користи и дескриптивниот метод.
Клучни зборови: бруто плата, минимална плата, осигуреници, работодавач, работник.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 23 Nov 2021 09:12 |
Last Modified: | 23 Nov 2021 09:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28808 |
Actions (login required)
View Item |