Интеркултурна компетенција - неопходна компонента за изучување странски јазици

Jankova Alagjozovska, Natka (2020) Интеркултурна компетенција - неопходна компонента за изучување странски јазици. Knowledge –International Journal, 42 (2). pp. 383-389.

[thumbnail of z33x,+INTERCULTURAL+COMPETENCE+-+A+NEEDED+COMPONENT+IN+LEARNING+FOREIGN+LANGUAGES.pdf] Text
z33x,+INTERCULTURAL+COMPETENCE+-+A+NEEDED+COMPONENT+IN+LEARNING+FOREIGN+LANGUAGES.pdf

Download (751kB)
Official URL: http://www.ikm.mk

Abstract

Овој труд има за цел да ги објасни основните термини поврзани со интеркултурната комуникација. Во таа насока, ќе зборува за интеркултурната компетенција како неопходна компонента при успешното изучување на странските јазици. Најпрво ќе бидат објаснети основнитепоими како култура, комуникација, интеркултурна комуникација, па ќе се претстават моделите за полесно изучување и стекнување на интеркултурната компетенција. Интеркултурната компетенција е клучна во изучувањето на било кој странски јазик и не може да се негира дека само преку учењето странски јазик може да се стекнете со таа компетенција. Учењето на странски јазик е најефективен начин за разбирање и учење за тоа како јазикот го оформува погледот на другиот и ова е централно во интеркултурната компетенција.Во овој труд исто така ќе биде претставена и студија на случај во која учесници во истражувањето се студентите од две катедри на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип. Преку студијата на случај се разгледува моменталната ситуација на статусот на културната компетенција кај студентите испитаници на филолошкиот факултет. На крај ќе се дадат заклучоци, резиме и препораки за понатамошни истражувања и активности во оваа област. Во оваа студија беше применет структуриран прашалник за студенти. Во истражувањето учествуваа 27 студенти, а анкетата беше направена после одржана обука за запознавање со интеркултурната компетенција. Резултатите покажуваат дека студентите имаат развиена интеркултурна свест до некој степен и свесни се дека оваа компетенција е потребна, но таа мора да се научи и имплементира во програмите за учење на странски јазици во текот на образовниот процес.Главната цел на интеркултурната компетенција не е учење на јазикот како нативни говорници туку стекнување со интеркултурнакомпетенција која вклучува разбирање на јазикот и однесувањето на целната околина и способност да се пренесе таа компетенција на домашната околина и средина. Овој приод ги учи студентите или изучувачите да бидат дипломати т.е. да ги прифаќаат различните култури од перспектива на информирано разбирање и прифаќање на културите, а ова ја заменува долготрајната цел на изучувањето странски јазици, а тоа е стекнувањето со највисок степен на знаење на јазикот како нативните говорители.
Клучни зборови: Образование,интерлкултурна компетенција, комуникација, странски јазици

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Natka Alagozovska
Date Deposited: 01 Feb 2022 08:20
Last Modified: 21 Aug 2023 11:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28790

Actions (login required)

View Item View Item