Atanasova-Pacemska, Tatjana and Alija, Valdeta and Jovevski, Dobri (2021) Математика за четврто одделение - прв дигитален учебник. Биро за развој на образованието, Skopje. ISBN 978-608-206-082-8
Text
MATEMATIKA 4 odd. naslovna i sodrzina.pdf Download (4MB) |
Abstract
Изработката на содржините за предметот Математика за IV одделение претставуваше предизвик за авторскиот тим да внесе иновација во приодите за учење математика.
Приодот кој го има низ целиот учебник е истражувачко – откривачки, текстот е динамичен, ја одржува љубопитноста на ученикот и креира стимулативна средина за учење, преку избор на содржини и активности кои ќе придонесат во постигнувањето на исходите од учењето. Учениците можат лесно да се движат низ содржините, кои имаат динамички и дигитални компоненти збогатени со задачи со различни тежински нивоа, а секој ученик има можност да напредува според своето индивидуално темпо што овој учебник го прави современ и отворен.
Особено внимание е посветено во делот на истражувачките и проектните активности поврзани со секојдневните животни ситуации – дизајнираме, моделираме, проектираме, кои досега многу малку или воопшто не беа застапени во учебниците по математика...Активностите даваат можност младите математичари „да излезат“ од училницата (на пазар, на градилиште, во ресторан, на патување,...), да креираат или симулираат реални проблеми во чие решавање ќе применуваат математички постапки кои се предмет на совладување низ содржините за учење. Истражувачкиот пристап им нуди на учениците да дебатираат, да аргументираат, да најдат и да презентираат решение, што овозможува повисоко ниво на размислување и примена на стекнатите математички знаења во секојдневен контекст од живеењето. Со овој пристап збогатен со елементи на креативност, поттикнување на критичко размислување и решавање проблеми, освен врз математичките, се прави влијание на стекнувањето и на други групи компетенции како личен развој, социјален развој, иновативност и секако дигиталните компетенции.
Учебникот по математика за четврто одделение е преведен и на јазиците на националностите ( албански, турски, српски, бошњачки)
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Matematics |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Tatjana A. Pacemska |
Date Deposited: | 16 Nov 2021 12:42 |
Last Modified: | 16 Nov 2021 12:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28760 |
Actions (login required)
View Item |