Temjanovski, Riste (2021) Економска географија: второ изменето и дополнето издание. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-817-6
Text
EG 2021.pdf Download (951kB) |
Abstract
Главна цел на книгата Економска географија е да даде основа за разбирање и совладување на теоретските и актуелни случувања и диспропорции на глобалните и регионалните економски процеси. Диспаритетот во стопанската развиеност се претвори во еден од најкрупните проблеми на развојот на современиот свет, па оттука и нагласениот интерес за истражување на територијалната разместеност на одредени важни ресурси, вклучувајќи го и човечкиот, производствената структура на одделни земји и региони, дистрибутивните канали од производствените до потрошувачките центри итн., кои имаат доминантно место во меѓународните прометни текови. Во содржината се опфатени определени теоретски и методолошки знаења и искуства кои се неопходни за согледување на основните карактеристики и законитости во развојот на економските системи на одделни земји или региони. Концепцијата на книгата е базирана на современи и актуелни случувања и проблеми, со соодветна поврзаност на современите и актуелни состојби на стопанските движења во светот, со цел на што поедноставен начин и низ практични примери, студентите да можат без тешкотии да ја совладаат оваа материја. Во книгата се разработени историскиот развој на економската географија, разместеноста на одделни суровини и производи, како и современите текови на капиталот. Со овој труд се настојува да се истакне и потребата за објективна научна анализа на економско-географските прашања, особено прифатени и применливи во научните истражувања на бројни економисти и нобеловци во светот. Дадена е критичка анализа и оценка за последиците од актуелните случувања во непланско и деградирачко искористување на одредени суровини и нивната рефлексија врз глобалните економски текови.
Клучни зборови: ресурси, регионална разместеност на добра, индустрија, сообраќај, туризам, животна средина
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Prof.d-r Riste Temjanovski |
Date Deposited: | 08 Nov 2021 10:14 |
Last Modified: | 08 Nov 2021 10:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28723 |
Actions (login required)
View Item |