10 Чекори за подготовка на настава на отворено

Popeska, Biljana and Mitevska Petruseva, Katerina and Maksimova, Sanja (2021) 10 Чекори за подготовка на настава на отворено. Western Balkan Alumni Association.

[thumbnail of WBAA outdoors new_FINAL.pdf] Text
WBAA outdoors new_FINAL.pdf - Published Version

Download (9MB)
[thumbnail of WBAA outdoors new_FINAL.pdf] Text
WBAA outdoors new_FINAL.pdf

Download (9MB)

Abstract

Прирачникот “10 КЛУЧНИ ЧЕКОРИ ЗА ПОДГОТОВКА НА НАСТАВАТА НА ОТВОРЕНО” е креиран во рамките на проектот „Градење на универзитети на иднината - придвижување на високообразовните програми од внатре кон надвор (Building the universities of tomorrow! Bridging the higher education programs from indoor to outdoor) “ со цел да даде поддршка на наставниот кадар на универзитетите, но и на студентите - идни наставници како да го трансферираат наставниот процес од затворени простории (предавални и амфитеатри) на отворено, при тоа користејќи ги сите придобивки од престојот во природа без да се влијае на намалување на квалитетот и ефикасноста на наставата и наставниот процес. Прирачникот дава одговор на прашањата: Што преставува концептот настава на отворено? Зошто настава и учење на отворено? Кои се придобивките? Како да се организира? Како да се реализира? Во истиот се дадени конкретни чекори кои треба да се преземат и насоки и напатствија кои треба да се имаат во предвид при трансферирање на процесот на учење и наставата од внатре кон надвор. Истиот содржи и бројни примери и решенија за различни ситуации кои може да се појават, низа на практични совети кои ќе го олеснат процесот на планирање и организирање на наставата на отворено.
Прирачникот е наменет пред се за наставниот кадар на универзитетите, но и за наставниците во основното и средно образование. На наставниците, прирачникот ќе им користи како нова методологија во наставната работа која ќе овозможи поддршка во квалитетна реализација на наставниот процес во поинакви услови и ќе овозможи да го поттикнат развојот на здрави социјални релации меѓу студентите и учениците во услови на пандемија. Истиот преставува значајна алатка која на наставниците ќе им даде дополнителни знаења и самодоверба за ефикасна трансформација на наставниот процес на отворено. Прирачникот успешно може да се користи и од страна на студентите, идни наставници во тек на нивната подготовка за практична настава и понатаму успешно да се имплементира во нивната наставна работа во иднина. Дополнително, сите студенти, независно од профилот за кој се едуцираат може да им обезбеди стекнување на дополнителни знаења за придобивките од активностите и учењето на отворено, што ќе претставува дополнителен мотив за вклучување во активности во природа кои сами по себе имаат голема улога во одржување и подобрување на физичкото и ментално здравје, мотивацијата и севкупната благосостојба. Предложените активности во природа и насоките како да се однесуваат во природа ќе имаат значење за развој на вештини кои ќе им овозможат ефикасно вклучување во бројни активности на отворено, надвор од наставниот процес. Прирачникот исто така може да се користи и од страна на останати едукатори кои работат во системот на едукација, но и во невладиниот сектор, а кои организираат бројни обуки, семинари и работилници. Насоките и примерите во истиот можат ефикасно да се искористат во секој вид на обука која треба и може да се реализира на отворено.
Прирачникот може да има широка примена и во рамките на самите универзитети, основни и средни училишта како водич за тоа како да се редизајнираат универзитетските кампуси и училиштата во насока да обезбедат можности и услови за ефикасна и непречена организација на наставниот процес на отворено. Насоките и идеите во прирачникот може да се искористат како појдовна основа при развој на стратегија за институционална имплементација на концептот за настава на отворено. Имплементиран на ваков начин, прирачникот а со тоа и проектот како целина ќе има свој придонес во модернизација на системот на високо образование во Република Северна Македонија, следејќи ја возобновената агенда на Европската Комисија за градење на инклузивен систем на високо образование.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Biljana Popeska
Date Deposited: 02 Nov 2021 12:03
Last Modified: 02 Nov 2021 12:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28687

Actions (login required)

View Item View Item