Дијагноза и третман на темпоромандибуларни дисфункции

Zlatanovska, Katerina (2021) Дијагноза и третман на темпоромандибуларни дисфункции. In: Симпозиум со меѓународно учество, ДДДММ Стоматолошко здружение на Македонија, "Современи стоматолошки постапки и протоколи во секојдневна практика", 25.09.2021, Хотел Континентал, Скопје. (Unpublished)

[thumbnail of ДДДММ 25.09.2021.jpg]
Preview
Image
ДДДММ 25.09.2021.jpg

Download (280kB) | Preview
[thumbnail of Дијагноза и третман на темпоромандибуларни дисфункции 25.09.2021.pdf] Text
Дијагноза и третман на темпоромандибуларни дисфункции 25.09.2021.pdf

Download (840kB)

Abstract

Поимот дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб се користи за структурни и функционални нарушувања поврзани со темпоромандибуларните зглобови, мастикаторните мускули и околните структури. Како доминантен симптом се јавува болка, придружена со ограничено или неправилно движење на долната вилица, зголемена осетливост на палпација, закочување и крцкање во зглобот, главоболка, болки во вратот, како и можни проблеми со слух и рамнотежа.
Заболувањата на темпоромандибуларниот зглоб се со мултифакторијална етиологија од кои како најзначајни се издвојуваат: неурамнотежена оклузија, траума, емоционален стрес, длабока внатрешна болка и парафункционални движења. Третманот на овие нарушувања е условен од нивната примарна причина и може да опфати употреба на аналгетици како нестероидни антиинфламаторни лекови, употреба на заштитник, едукација на пациентот за отстранување на штетните навики и ограничување на оптеретување на зглобот, лекови за релаксација на мускулите, седативи ако пациентот има проблеми со спиењето, техники на релаксација и физикална терапија (ултразвук и електромиографски биофидбек).

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 20 Dec 2021 08:27
Last Modified: 20 Dec 2021 08:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28631

Actions (login required)

View Item View Item