Конзервативен хируршки третман кај кератоцистични одонтогени тумори поврзан со помала стапка на рецидив

Rogoleva Gjurovski, Sonja and Dimova, Cena (2021) Конзервативен хируршки третман кај кератоцистични одонтогени тумори поврзан со помала стапка на рецидив. Knowledge – International Journal, 47 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of STRUGA_MK_2021 3.pdf] Text
STRUGA_MK_2021 3.pdf

Download (557kB)
[thumbnail of PROGRAM Struga  2021.pdf] Text
PROGRAM Struga 2021.pdf

Download (341kB)
[thumbnail of IKM 2021.pdf] Text
IKM 2021.pdf

Download (597kB)

Abstract

Одонтогените кератоцисти (ОКЦ), познати и како кератоцистични одонтогени тумори (КЦОТ) се
ретки бенигни цистични лезии кои ја зафаќаат мандибулата или максилата и се верува дека потекнуваат од
денталната ламина. Дали овие лезии се развојни или неопластични е дискутабилно, а со 2017 СЗО
класификација тие се сместени назад во категорија на развојни лезии. Во голем број од научни истражувања
било потврдено дека КЦОТ завземаат околу 10 % од сите вилични цисти. Меѓутоа важно е да се напомене
дека резултатите добиени од научните истражувања за инциденцата на КЦОТ се многу хетерогени, што
всушност укажува на тоа дека постојат разлики во дијагностичките критериуми и изборот на примероци во
индивидуалните истражувања. Тие се локално агресивни и имаат тенденција да се повторуваат после нивната енуклеација односно имаат
сколоност кон рецидив. На РТГ снимки се типично како експанзивни единични унилокуларни лезии кои се
прошируваат лонгитудинално во постериорниот дел од мандибулата.
Кератоцистичните одонтогени тумори (КОТ) можат да бидат лекувани со различни техники на хируршки
третман поврзани со различни стапки на рецидив. Марсупијализацијата и декомпресијата се различни
конзервативни хируршки техники за третман на КОТ.
Целта на оваа студија е да се спореди и прикаже стапката на рецидиви помеѓу марсупијализацијата и
декомпресијата при третман на КОТ со или без дополнителни третмани.
Оваа студија претставува преглед на литературата. Искористени извори за истражување беа PubMed
(MEDLINE), Google Scholar и библиотека Cochrane. Клучните зборови кои беа избрани врз основа на
термините на пребарувањето според MeSH и критериумите PICOS беа одонтогена кератоциста,
кератоцистичен одонтоген тумор и марсупијализација или декомпресија или енуклеација или цистектомија
или киретажа. Извршен е преглед на литературата и анализи за да се спореди стапката на рецидиви помеѓу
марсупијализацијата и декомпресија со или без дополнителни третмани, во однос на различните времиња на
следење. Од спроведените анализи се воспостави дека постоела значителна разлика за стапката на рецидиви
помеѓу марсупијализација и декомпресија како групи за толкување без да се земат предвид дополнителните
третмани. Сепак, со оглед на дополнителните третмани, не е евидентирана разлика помеѓу групата за
марсупиализацијата и групата за декомпресија.
Се заклучува дека декомпресијата без никаков помошен третман може да има пониска стапка на рецидив од
марсупијализацијата. Стапката на рецидиви не е различна кога се изведува енуклеација или цистектомија
после декомпресија и марсупијализација.
Клучни зборови: Цисти на вилиците; Одонтогени цисти; Марсупијализација ; Декомпресија;

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sonja Rogoleva Gurovski
Date Deposited: 15 Oct 2021 11:53
Last Modified: 15 Oct 2021 11:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28580

Actions (login required)

View Item View Item