Mladenoski, Ranko (2021) Поетскиот ораториум на Блаже Конески (реобјава). Зборник на трудови „Навраќање кон Конески“. pp. 345-357. ISSN ISBN 978-608-245-672-0
Text
Mladenoski trud vo Zbornik Koneski 2021.pdf Download (431kB) |
Abstract
По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески приредувачите Свето Стаменов и Вера Стојчевска-Антиќ подготвија зборник од веќе публикувани трудови за грандиозното дело на Конески. Во тој зборник е објавен и текстот со наслов „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“. Во овој труд се анализираат и се интерпретираат песните на Конески што имаат специфики на молитва. Станува збор, имено, за шест песни на Конески во чиј наслов се содржи зборот молитва објавувани во разни поетски збирки: две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 година. Но, во трудот се анализираат и други песни на Конески во чија содржина се среќава одреден молитвен призвук. Тоа значи дека интенцијата на овој труд е да се интерпретираат „молитвените стихови“ на Конески во интегрална форма, односно да се елаборираат семантичко-синтаксичките особености на поетскиот ораториум на македонскиот поетски великан Блаже Конески.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 15 Oct 2021 11:53 |
Last Modified: | 15 Oct 2021 11:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28578 |
Actions (login required)
View Item |