Mladenoski, Ranko (2021) Чекајќи ја егзегезата (второ дополнето издание). Globe edit, Germany, Germany. ISBN 978-620-0-62487-1
Text
Mladenoski Egzegeza II finalna avgust 2021.pdf Download (3MB) |
Abstract
Концепцијата на второто (дополнето) издание на книгата „Чекајќи ја егзегезата“ останува иста како од првото издание со трите основни поглавја: „Есеи“, „Интерпретации“, „Рецензии“. Во вториот дел од книгата („Интерпретации“) се приложени (како дополнување) две студии коишто се однесуваат на анализи и елаборации на структурните сегменти на два значајни романи од македонската книжевна историја: „Црно семе“ од Ташко Георгиевски и „Две Марии“ од Славко Јаневски. Текстовите во оваа книга настанаа во периодот од 1998 до 2004 година. Станува збор за студии во кои се анализираат и се интерпретираат книжевни дела од современата македонска книжевност и тоа од наши значајни автори како што се Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Димитар Солев, Петре Бакевски, Венко Андоновски, Драги Михајловски и други. Интервенциите кај трудовите во ова второ дополнето издание на „Чекајќи ја егзегезата“ се минимални. Извесни допрецизирања се извршени во сегментите каде што се елаборираат спецификите на нараторите, како и кај прашањата поврзани со фокализацијата, и тоа при анализите на прозните книжевни дела, но во својата основа текстовите не претрпеа суштински измени. Намерата беше да се предочат овие трудови во онаа форма во која беа презентирани пред читателската публика во тоа време и во периодиката и во книгата како целина. Дополнувањето на книгата со два текста е извршено со цел да се заокружат тогашните погледи на авторот во однос на изданијата што беа подложени на аналитичка и интерпретативна книжевно-историска, книжевно-теориска и книжевно-критичка опсервација.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 08 Oct 2021 09:00 |
Last Modified: | 08 Oct 2021 09:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28541 |
Actions (login required)
View Item |