Mitreva, Mila (2019) Влијанието на трансформациското лидерство врз стратегијата на развој на организацијата. Masters thesis, University Goce Delcev.
магистерски труд Мила Митрева.pdf
Download (1MB)
Abstract
Лидерите се основните актери во подобрувањето на јавните перформанси и организациските промени. Секоја организација претставува посебна институција и се одликува со свои добри и лоши страни. Секоја фирма е посебна, изградена е според различен бизнис модел, има одредена дејност која ја извршува и делува во одреден бизнис сектор.
Да се одбере правилниот начин на водење е предизивик за многу лидери, а да се зголеми ефикасноста во работењето, да се стимулираат вработените да ја следат визијата на фирмата и да се движат во насока на остварување на групните цели, а не личните интереси се само дел од факторите кои на долг рок влијаат на развојот на организацијата. Затоа, лидерите се тие кои треба добро да ја познаваат организацијата и според тоа да го одберат правилниот лидерски стил кој би бил најпогоден за сите. Теоријата и праксата покажуваат дека голем дел од фирмите го преферираат трансформацискиот стил, бидејќи преку него може да се придонесе компанијата да се развива во правилна насока и да се издвои од останатите конкурентни компании.
Во овој труд е ставен главен акцент на трансформацискиот лидерски стил и се анализира зошто токму овој стил е погоден за организациите и зошто лидерите, а и вработените го преферираат, кои се бенефитите од неговата примена и кои се крајните резултати.
Клучни зборови: организација, развој, лидер, трансформациски лидерски стил, напредок.
| Item Type: | Thesis (Masters) |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Mila Mitreva |
| Date Deposited: | 30 Sep 2021 07:51 |
| Last Modified: | 30 Sep 2021 07:51 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28504 |
